1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Вести од економијата

САД и Кина го надминаа спорот околу увозот на текстил

Американскиот посредник за трговија Роб Портман и кинескиот министер за трговија Бо Џилаи во Лондон соопштија дека е склучен фер договор, што го потврди и мнистерството во Пекинг. Според договореното, Кина ќе може постепено да го зголемува извозот на текстил во САД. Сличен договор во септември постигна и Европската унија. Спорот се појави во јануари отако истече претходниот договор за меѓународната трговија со текстил со кој беа предвидени строги стапки за извоз. Оттогаш драматично се зголеми извозот на ефтините текстилни производи од Кина.

Министрите за финансии ја предупредија Европската централна банка да не ги зголемува каматите

Во невообичаено јасна форма, министрите за финансии на државите од зоната на еврото, побараа од Европската централна банка да не ги зголемува каматите. Претседавачот на евро-групата, премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер, по средбата во понеделникот со 12-те министри и претседателот на банката Жан Клод Трише изјави:„Ја потсетивме банката дека не смее да носи избрзани решенија„. Министрите за финансии за наредните месеци не гледаат никакви сигнали за спирала на поскапувања поради растењето на цената на нафтата.