1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вестервеле се надева на импулси во разоружувањето

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле по изборите во САД се надева на нови импулси во процесот на разоружување.

Во текот на изминатите две години е забележан напредок во политиката на разоружување, но мора да се направи нов енергичен чекор, изјави шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле во Њујорк. Тој апелираше до американската влада и до Русија да ги приближуваат ставовите и да ја зајакнат безбедноста во светот со нови импулси за разоружување.

Истовремено, Вестервеле апелираше и за „повеќе слободна трговија“ меѓу Европа и САД. „За нас е тоа централно европско прашање“, нагласи министерот, додавајќи: „Протекционизмот мора да биде потиснат“. Вестервеле подвлече дека разговорите околу зона на слободна трговија треба да почнат најбрзо што е можно. „Со оглед на несигурноста во светската економија, немаме време за губење“, рече Вестервеле.