1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вестервеле: Сакаме подобра Европа!

За „Иднината на Европа“ амбасадорите разговараат од аспект на должничката криза,а не од агол на проширувањето. Министерот Вестервеле, сепак, потсети дека „никој не треба да го блокира оној кој сака да се интегрира“

Од вчера до четврток во германското МНР се оддржува годишната конференцијата на германските амбасадори, овојпат посветена на „Иднината на Европа“.  Aмбасадорите темата ја третираат од аспекта должничката криза.
„Како глобален фактор потребна ни е силна Европа. Потребна ни е заедничка соработка на пример во надворешната, одбрамбената и безбедносната  политика. Сигурен сум дека во Европа ни треба заеднички безбедносен концепт, зашто ние сме безбедносна заедница. Затоа, се подразбира дека заедничката соработка во оваа сфера би можела да придонесе за поголема интеграција“, истакна шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле кој заедо со ресорните колеги од Полска (Радослав Сикорски) и од Белгија (Дидиер Рејндерс) имаше збор на официјалното отворање на Конференцијата „Иднината на Европа“.

Дипломатите акцентот го ставија на актуелната евро криза и справувањето со неа. За интеграцијата во ЕУ од аспект на проширувањето со земјите од

Botschafterkonferenz Berlin 2012

Дипломатите во Берлин дискутираат за патот до посилна Европа!

Западниот Балкан и конкретно со Македонија директно не беше кажан ни збор, се разбира доколку се изземе кусиот коментар на министерот Вестервеле:
„Секој треба да чекори во Европа. Никој нема да е исклучен, ама никој не треба да го блокира оној кој сака да се интегрира. Сите се поканети, ама никој не треба да ги соприра другите, што е од централно значење за една обединета Европа “, подвлече Вестервеле.

Проширувањето неактуелно!

Повеќемина дипломати не сакаа пред микрофон да одговорат: зошто на една ваква  конференција е заобиколен аспектот  проширување и конкретно што е со Македонија?
„Овде слушнавме каде лежат проблемите и мора да се признае  дека во Германија и во другите земји стабилноста на еврото потисна се’ друго. Проширувањето на Балканот во моментот нема голема улога. Но, и покрај ова, Хрватска од в година ќе биде полноправен член на Унијата. Балканот припаѓа во Европа и ќе стане дел од ЕУ.“, изјави за ДВ Гинтер Нооке,  личен советник на канцеларката Ангела Меркел  задолжен за Африка од Министерството за економска соработка и развој. Според Нооке, кој признава дека не е голем експерт за Балканот, сите ќе профитираат доколку Грција покаже дека може да води добра политика , доколку се грижи за стабилноста на еврото и штеди!  Должничката криза и практично го блокира процесот на изнаоѓање решение за спорот со името. Прашуваме: има ли излез од ќорсокакот?
„Грција може да придонесе. Би требала да се погрижи за реалните проблеми, а не премногу за работите кои во една вистинска Европа не се од големо значење. Ова се однесува за спорот со името и регионалните проблеми меѓу Македонија и Грција!“, изјави за ДВ Гинтер Нооке.