1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вестервеле предупреди да не се преземаат еднострани потези

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ги предупреди Палестинците во септември да не прогласуваат еднострано сопствена држава, но подвлече дека Германија ги поддржува стремежите за независна Палестина.

Гидо Вестервеле ја нуди Германија за посредник на Блискиот Исток

Гидо Вестервеле ја нуди Германија за посредник на Блискиот Исток

„Германската влада е на мислење дека еднострани чекори би биле многу контрапродуктивни“, рече Вестервеле по разговорите со премиерот на Палестинците Салам Фајад во Рамала. Според шефот на германската дипломатија, „преговорите се вистинскиот пат“. Да се избегнуваат еднострани потези беше препораката на Вестервеле и за време на посетата на Ерусалим. Тој рече дека во игра повторно треба повеќе да се вклучи таканаречениот Блискоисточен квартет, составен од САД, Русија, ЕУ и ОН. На тој начин, според него, би се избегнала дипломатска или насилна конфронтација на Израел и Палестинците:

„Ние Германците сме на мислење дека Квартетот може да игра многу важна улога. Фер и одмерени ги притискаме двете страни на флкесибилност и повторен почеток на преговори. На двете страни им советуваме да не преземаат еднострани потези, како кога станува збор за политиката на доселување на Израел, така и кога е во прашање едностраното прогласување палестинска држава. И токму затоа што сме прифатени како пријатели, имаме доволно неопходен авторитет, особено во блискоисточниот мировен процес“, нагласи Вестервеле, кој својата земја ја препорача за мировен посредник на Блискиот Исток.

Автор: ЕМФ/АТ/афп/дв

Редактор: Симе Недевски