1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вестервеле: Нема да го заборавиме Авганистан

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле престојува во Авганистан во посета на германските војници. Во Мазар и Шариф тој отвори генерален конзулат.

При псетата на северен Авганистан, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го отвори првото дипломатско претставништво на една западно-европска држава во градот Мазар и Шариф. Отворањето на германскиот генерален конзулат би требало да им покаже на Авганистанците дека Германија и по повлекување на повеќето војници на Бундесверот во 2014 година е заинтересирана за „сигурни, долгорочни и одржливи односи“ со Авганистан, рече Вестервеле.

Во Мазар и Шариф е сместен најголемиот камп на гермнскиот Будесвер надвор од Германија. Германскиот министер таму ќе разговара со војниците за расположението. Се очекува да стане збор и за соработката на Будесверот со авганистанските сили за безбедност.

Вестервеле во градот учествува и на отворањето на цивилен аеродром, чија изградба Германија ја поддржа со речиси 50 милиони евра. Инвеститорите од новиот аеродром се надеваат на позитивни импулси за стопанството во северен Авганистан.

Безбедносната состојба во градот е постабилна отколку во други делови на земјата. Мазар и Шариф во моментов се наоѓа во економски полет, се градат нови фабрики и трговијата доживува бум.

Политички разговори во Исламабад и Кабул

Aussenminister Westerwelle in Pakistan

Вестервеле во Пакистан

Германскиот министер за надворешни работи претходно во Исламабад се сретна со новиот премиер Наваз Шариф. Двете страни се согласија на засилена стопанска соработка. За тоа треба да придонесе и формирањето на германско-пакситанска трговска комора. На областа на регионланата политика и двете страни се залагаат за потесна соработка.

Претходно Вестервеле престојуваше во авганистанскиот главен град Кабул. На средбата со претседателот Хамид Карзаи тој се заложи за напредок при демократизацијата на земјата и борбата против корупцијата.

Поврзана содржина