1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вестервеле гледа напредок во Авганистан

На вториот ден од посетата на Авганистан германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ги посети војниците на Бундесверот во најголемата воена база во околината на градот Мазар-и-Шариф.

default

Гидо Вестервеле

Од утре одговорноста за безбедноста на градот Мазар-и-Шариф и околината ја преземаат авганистанските сили за безбедност. Министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле порача дека таквиот чекор јасно покажува дека наспроти некои назадувања во Авганистан, ситуацијата сепак се менува на подобро. Тој вчера, на првиот ден од ненајавената посета на Авганистан, на ресорниот колега Салмаи Расул му вети дека Германија и меѓународната заедница нема да го остават Авганистан на цедило по повлекувањето на странските сили од земјата. САД и меѓународната заедница си поставија за цел до крајот на 2014 година да им ја предадат комплетно одговорноста на авганистанските сили и да ги повлечати и последните војници од земјата.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Трајче Тосев