1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вестервеле во тешка мисија во Египет

Гидо Вестервеле допатува во Каиро како прв западен министер за надворешни работи по превратот во Египет. Но, на шефот на германската дипломатија не му беше дозволена средба со екс-претседателот Мурси.

„Ние бараме воздржување од употреба на сила, како и што е можно побрзо нов демократски почеток во Египет, во кој ќе можат да придонесат сите политички сили“, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во Каиро по средбата со својот колега Набил Фахми. Германија е подготвена да го поддржува Египет на патот кон демократија и благосостојба.

Мурси е изолиран

За време на својата посета Вестервеле треба да се сретне и со египетскиот привремен претседател Адли Мансур, неговиот заменик Мохамед ел Барадеи, како и армискиот шеф Абдел Фатах ал-Сиси. Вестервеле нема да се сретне со соборениот египетски претседател Мохамед Мурси, иако министерот изрази таква желба. Мурси е моментно изложен на судско испрашување, соопшти претседателскиот кабинет.

„Доставувме барање Мурси да може да биде посетен од независни личности“, изјави Вестервеле. Тоа беше реализирано во викендот со посетата на специјалниот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон.

Guido Westerwelle mit Nabil Fahmy PK in Kairo 01.08.2013

Гидо Вестервеле и Набил Фахми

Ештон не соопшти детали за содржината на разговорот со Мурси. Делегацијата на Африканската унија, на која исто така и‘ беше овозможен разговор со Мурси, беше малку поречита. Според зборовите на членот на делегацијата, Фестус Могае од Боцвана, Мурси се пожалил на целосна изолација. Нему не му било дозволено да ги прими ни своите адвокати, ниту пак роднините или политичките соработници. Со тоа му е оневозможено спроведувањето на предлозите, како на пример започнување дијалог за решавање на политичката криза.

Упорните исламисти

Преодната влада им даде зелено светло на безбедносите сили да расчистат два кампа на приврзениците на Мурси. Повеќедневните протести на исламистите во предградието Наср Сити, како и пред универзитетот во Каиро претставуваат закана за националната безбедност, се вели во соопштението од кабинетот, прочитано преку државната телевизија. Министерот за надворешни работи добил задача да ги преземе сите потребни мерки во рамките на правото во акцијата против актите на тероризам и улични блокади во околината на двата протестни логори, беше соопштено од владиниот кабинет. Експертите стравуваат од нови крвопролевања ако полицијата употреби сила против следбениците на Мурси.