1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вестервеле во посета на Либија

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска (08.01.2012) ќе престојува во посета на Либија, која е втора станица од неговата северноафриканска турнеја.

default

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле

Дваипол месеци по смртта на поранешниот либиски властодржец Моамер ел-Гадафи, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска ќе престојува во Триполи. Во либискиот главен град Вестервеле ќе оствари средба со шефот на преодната влада во Либија Абдурахим ал-Киб и со неговиот либиски колега по функција Ашур бин Џајал Киб. Покрај тоа, германскиот министер ќе се сретне и со Либијци повредени во граѓанската војна во земјата, кои беа лекувани во Германија.

A

Вестервеле на заедничка прес-конференција со алжирскиот колега по функција Мурад Меделчи

Вестервеле, освен за обновата на земјата, со своите либиски соговорници ќе зборува и за напрегнатата безбедносна состојба во земјата по соборувањето од власт и убиството на Гадафи, како и за иднината на демократизацијата на Либија. 

Вчера, на почетокот од неговата тридневна северноафриканска турнеја, Гидо Вестервеле претстојуваше во Алжир. Тој притоа ги охрабри тамошните власти за натамошни политички реформи и се заложи за продлабочување на билатералните економски односи.

Вечерва од Либија Вестервеле заминува во Тунис , кадешто пред околу една година започна т.н „Арапска пролет“.

Автор:СН/ЕМФ/дпа/дапд

Редактор: Е. М. Фиданоска