1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вестервеле би сакал да го види Асад пред суд

Дали сирискиот претседател Башар ал Асад треба да одговара пред Меѓународниот суд за воени злосторства? Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле смета - да.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле пледира за тоа сирискиот претседател Башар ал Асад да биде изведен пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Ден Хаг.

„Но, во интерес на избегнување натамошни убиства, доколку Асад доброволно ја напушти земјата, кривичноот гонење за мене не е во преден план. Тоа би противречело на моето чувство за праведност, но најважноот е да се стави крај на крвопролевањето и да се овозможи мирна и демократска иднина на Сирија“.

Во Сирија „во центарот на моќта се случува ерозија“, смета Вестервеле, кој во разговорот за весникот „Билд“ и понатаму исклучува воена интервенција во оваа земја.

САД и Турција, водени од заедничкото стравување од можна употреба на хемиско оружје, веќе најавија засилена меѓусебна соработка со цел запирање на конфликтот во Сирија. Се разработуваат стратегии за „забрзување на крајот на судирите и на режимот на Асад“, најави вчера американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон при посетата на Истанбул. На средбата со нејзиниот турски колега Ахмет Давутоглу таа недвосмислено го истакна форсирањето на соборувањето на Асад како „стратешка цел“.

Clinton in Istanbul Türkei Ahmet Davutoglu

Клинтон при посетата на Турција со својот колега Давутоглу

На викендов инаку бунтовниците од Сирија јавуваат за натамошни жестоки борби пред се‘ во економската метропола Алепо  и главниот град Дамаск. Опозиционата Сириска слободна армија соопшти дека бунтовниците повратиле „одделни стратешки позиции“ во квартот Салахедин во Алепо.

Опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон јавува за 20 загинати во борбите во повеќе делови на Сирија.

За денеска планираната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на Арапската лига за сирискиот конфликт е одложена на неодредено време. На неа требаше да се дискутира за наследник на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан. За во вторник во Мека е планиран вонреден самит за сирискиот конфликт на иницијатива на Саудиска Арабија.

Генералниот секретар на ОН планира по скориот крај на набљудувачката мисија во Сирија кон крајот на идната недела по можност во Сирија повторно да испрати претставници на светската организација. Бан во писмо до 15-те членки на Советот за безбедност на ОН побарал подолготрајно „ефикасно и флексибилно присуство“ на ОН „надвор од хуманитарната мисија“. Мандатот на еднаш веќе продолжената постојна набљудувачка мисија завршува идната недела.