1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вестервеле бара политичка визија и реформи од Скопје

Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле денеска (17.08.) испрати честитка до својот македонски колега Никола Попоски, по повод неговото именување за министер за надворешни работи.

default

Шефот на германската дипломатија Гидо Весстервеле

Реализацијата на стратешката цел на Македонија за членство во евро-атлантските структури бара политичка визија и подготвеност за длабокосежни реформи, се наведува во честитката која шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле му ја испратил на својот македонски колега Никола Попоски.

Nikola Poposki Außenminister Mazedonien

Новиот македонски министер за надворешни работи Никола Попоски

Во писмото, Вестервеле нагласува дека Попоски ја презема службата во значајна година кога се одбележуваат дваесет години од самостојноста и десет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
„Сакам да нагласам дека овој договор претставува и понатаму неопходна основа за мултиетничкиот соживот во Вашата земја“, стои во честитката од Вестервеле.

Автор:БГ/СН/миа

Редактор: Трајче Тосев