1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вестервеле бара поголемо разоружување

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во интервју за Дојче веле повика на нега на германско-француското пријателство. Тој зборува и за безбедносната состојба во светот.

По повод 50-годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор, што Германија и Франција свечено ќе ја одбележат на 22 јануари, шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле го нагласи значењето на германско-француското пријателство. Тоа е „вистинско богатство“, рече Вестервеле во интервју за Дојче Веле во Берлин.

Германскиот канцелар Конрад Аденауер и францускиот претседател Шар де Гол со своите постапки пред 50 години дадоа иницијална каписла на „восхитувачката приказна на успех“, рече шефот на германската дипломатија, додавајќи дека особената поврзаност на двете земји не треба да се посматра како нешто што се подразбира само по себе, туку секој ден треба „да се работи на тоа“.

Вестервеле бара повеќе ангажман во процесот на разоружување

Германскиот министер за надворешни работи во интервју за ДВ зборува и за стабилизирањето на состојбата во светот. По изборите во Русија и во САД „широко е отворен прозорецот за нови иницијативи за разоружување“, нагласи тој. Нуклеарното разоружување, според него, е централно за стабилизирањето на состојбите во светот.

Вестервеле смета дека не треба критички да се гледа на американското засилено насочување кон Пацификот. Ориентацијата во насока на Азија не значи дека Европа се третира со помалку внимание. Азија е континент со огромен економски развој и тоа што САД се ориентираат во таа насока „се подразбира само по себе“, вели шефот на германската дипломатија за ДВ, нагласувајќи дека новата ориентација на САД не менува ништо во „навистина одличните трансатлантски односи“.