1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вестервеле бара кризна седница на ЕУ за Египет

Ескалацијата на насилство во Египет наиде на остри критики во светот. Германија и Франција ги повикаа на разговор египетските амбасадори. Папата се моли за мир и дијалог.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле (на насловната фотографија) оцени дека е неопходна кризна седница на европските министри за надворешни работи околу кризата во Египет. На средбата, како што нагласи Вестервеле, кој во моментов е во Тунис, би можеле да бидат договорени заеднички начини на дејствување.

Вестервеле во изјава за германската телевизија АРД вчеравечер (14.08) побара крај на насилството во Египет. Тоа нема да остане „без последици“ по германско-египетските односи, изјави тој. Шефот на германската дипломатија изрази разбирање за оставката на египетскиот вицепретседател Мохамед Ел Барадеи, но додаде дека таа значи натамошно слабеење на политичкиот процес во Египет.

Францускиот претседател Франсоа Оланд побара укинување на полицискиот час во Каиро и ослободување на уапсените припадници на Муслиманското братство. Мора да се стори се‘ за да се спречи „граѓанска војна“, изјави Оланд, кој инсистира на одржување нови избори во Египет најбрзо што е можно.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган побара итна седница на Советот за безбедност на ОН. „Оние кои молчат за масакрот се исто толку виновни колку и оние кои го извршиле“, изјави Ердоган.

Ägypten Räumung des Mursi Anhänger Lagers in Kairo 14. August 2013

Светот повикува на итно смирување на состојбата во Египет

САД ја критикуваат вонредната состојба

Претходно, САД се изјаснија против насилството во Египет, а американсата влада ја критикуваше остро и воведената вонредна состојба. „Стриктно го отфрламе враќањето кон вонредна состојба и од владата бараме да ги почитува основните човекови права и слободата на собирање, како и принципите на правна држава“, изјави заменикот портпарол на Белата куќа, Џош Ирнест. САД, како што се нагласува во Вашингтон, не сакаат да заземаат страна во конфликтот. Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери, меѓутоа, минатата недела оцени дека соборувањето на Мурси од власт е „повторно воспоставување на демократија“. За таквите свои оценки тој беше жестоко критикуван. Сега Кери до сите страни во конфликтот итно апелира да се најде политичко решение.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун најостро го осуди насилното расчистување на двата протетсни кампа на Муслиманското братство во Каиро и од сите страни побара да работат на помирување наместо да посегнуваат по насилство.

Папата Франциско повика на молитва за мир, дијалог и помирување во Египет. Тој се моли за сите жртви, нивните роднини, повредените и страдалниците, изјави папата пред верниците во својата летна резиденција Кастел Гандолфо.

Поврзана содржина