1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Весниците ги објавија одговорите на Вулф

Се‘ поголем број германски медиуми ги објавуваат нивните прашања до германскиот претседател Кристијан Вулф во врска со кредитната афера. Весниците на издавачот Шпрингер ги објавија прашањата.

default

Претседателот Кристијан Вулф

Офанзива на весниците на Шпрингер: „Ди велт“ и „Велт ам зонтаг“ своите прашања во врска со неговиот кредит и односот кон медиумите како и одговорите на адвокатите на Вулф и БВ банката синоќа ги објавија и на интернет. Други весници соопштија дека немаат ништо против објавувањето.

Аргументот на медиумската група „Велт“: користење на правото на свој збор-документацијата покажува штурост на одредени одговори и дека дури и на повторените прашања одговорите не вршат целосно расветлување на аферата.

Вулф во телевизиско интервју вети дека ќе ги објави на интернет сите прашања во врска со неговиот приватен кредит за куќа добиен од пријател бизнисмен. Подоцна Вулф го повлече ветувањето со образложение дека новинарите кои ги поставиле прашањата имаат право на заштита на нивните истражувачки резултати. 

Автор: ЖА/ AT/ дв

Редактор: Б. Георгиевски