1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Веронауката ја подели БиХ

Веронауката, која по првите повеќепартиски избори е триумфално воведена во сите училишта во БиХ, стана еден од важните симболи не само на верското, туку и на националното и политичко дејствување. Дали БиХ е секуларна?

Кога пред речиси 20 години веронауката беше воведена во сите основни училишта во Босна и Херцеговина, на ниво на ентитети и кантони, за мнозинството тоа претставуваше одбрана на националниот идентитет, односно крупно политичко прашање. Социологот Ибрахим Прохиќ вели дека веронауката и денес е политички инструмент во БиХ и симбиоза на верските заедници и власта:

„Мислам дека тоа е погубно, особено во актуелниот босанско-херцеговски контекст, поради тоа што овде религијата не е примарно работа на духовност, туку е примарно знак на темелен идентитет.“

„Децата да не се даваат на безбожници“

Тоа го докажува и обидот на донеодамнешниот министер за образование и наука на кантонот Сараево, Емир Суљагиќ, да ја исфрли веронауката од просекот на оценки, а со цел спречување на дискриминација на децата. Случајот покрена голема прашина, проследена со изјавите на челниците на верските заедници во БиХ, особено на реисот Мустафа Цериќ, дека е тоа чекор кон укинување на веронауката. Поради одлуката на Суљагиќ, кој на крајот поднесе оставка и се отсели од БиХ, Цериќ најавуваше и „сараевско лето“:

Bosnien Herzegowina Religionsunterricht Schule

„Тие сакаат повторно да им ги даваме децата на безбожници и да не бидат подготвени да се бранат кога ќе дојде етничко чистење.“

Што се однесува до учениците, тие за веронауката имаат свое мислење. Еве дел од нив:

„Сите кои веруваат во Бога треба да бидат редовни...“

„Ние на веронаука гледавме цртани филмови, за Мојсеј и така натаму, но ништо посебно не научивме.“

„Научив да верувам. Се‘ зависи од свештеникот. Имавме повеќе свештеници и тие различно работеа“, велат учениците.

Дополнителен начин на презентација на верските заедници

Според Бранка Рогач од Министерството за култура „веронаука се изучува во сите основни училишта во Република Српска“: „Учениците имаат можност за изучување на веронауката во согласност со своите верски определби, а родителите имаат можност да се изјаснат дали нивното дете ќе посетува часови по веронаука или не.“

Проблемот, меѓутоа, е во тоа што нема алтернатива за овој предмет, па над 90 проценти од децата учат веронаука. Кога станува збор за Федерацијата Босна и Херцеговина, ситуацијата зависи од кантон до кантон - во неколку кантони веронауката е задолжителен, а во останатите е изборен предмет, па на учениците им е оставена можност да бираат меѓу „Култура на религијата“ и „Веронаука“. Сепак, мнозинството ученици, над 90 проценти, учи веронаука, а оценката од сите предмети влегува во завршниот просек.

Bosnien Herzegowina Religionsunterricht Schule Bosnien Schulbuch Flash-Galerie

Професорот по социологија на универзитетите во Бања Лука и Белград, Иван Шијаковиќ, бил изненаден од самото воведување на веронаука, затоа што „таа не постигнува ефект на толеранција и разбирање“: „Тоа е верска идеологија и тука црквите на сите конфесии и во сите облици најдоа дополнителен начин за своја презентација и извор на заработувачка.“ Шијаковиќ напоменува дека веронауката во БиХ има исклучиво политички карактер: „Таа е воведена за политичко додворување некому и за манипулација, како и за да се воспостават добри односи со верските заедници на манипулативна основа, а се‘ на штета и врз грбот на обичните граѓани.“

Се создава полигон за средните училишта

За бискупот во Бања Лука Фрањо Комарица нема дилеми дека веронауката е потребна во основните училишта, затоа што на тоа обврзуваат законите. Според него, верските заедници во БиХ нема да запрат, се‘ додека не се воведе веронаука и во средните училишта во целата држава.

Bosnien Herzegowina Religionsunterricht Schule Bosnien Schulbuch

Веронауката доаѓа и во средните училишта?

Мнозинството се согласува дека треба да им се даде избор на учениците, но без осуда од страна на општеството доколку не се прифати учење веронаука, како што тоа досега беше случај. Некои сметаат дека досегашниот период на изучување на веронауката би требало да се прогласи за експериментален период, кој, како што вели социологот Славо Кукиќ, е можеби најголемо промашување на верските заедници. Според него, проектот на изучување на веронауката не може да биде интегративен процес:

„Во тој случај религијата е во функција на општествена дезинтеграција, разделување на децата веќе на возраст од седум години и претворање на децата на таа возраст во можни борци во некои утрешни војни под верско знаме.“

Дека веронауката во БиХ е работа на темелен идентитет, а не на духовност, покажуваат многу примери. Најдобар пример е можеби оној на министерот Суљагиќ, иако тоа не е осамен случај. Во 2009 година пропадна обидот за воведување Култура на религии во средните училишта во Република Српска, поради огромниот притисок на верските заедници, кои како што тврдат упатените, создаваат полигон за воведување на веронаука и во средните училишта.