1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Веронауката е демократска придобивка

Веронауката да се врати во училиштата. Ова барање на највисоко ниво до надлежните институции во Македонија, но и до меѓународните претставници го испратија поглаварите на најбројните верски заедници во земјата.

default

Претставниците на верските заедници

Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската верска заедница во заедничко отворено писмо бараат од наредната учебна година веронауката повторно да се изучува во основните училиштата. Тие бараат од надлежните институции во државата, соодветно и законски да овозможат да се изучува овој предмет. Тоа подразбира уставни измени, бидејќи Уставниот суд неодамна ја укина веронауката во образованието како противуставна.

„Вообичаено, одлуките на Уставниот суд не се коментираат, но одлука која предизвикува интерес веројатно не може да остане без коментар. Во меѓувреме, во јавноста и претставници на верските заедници и цркви и поединци и здруженија и најразлични образовни институции го кажаа својот глас, дека веронауката треба да остане во училиштата“, рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

Religionsführer in Mazedonien, Skopje, 19.05.2009

Заеднички став за веронауката

Веронауката се изучува во повеќе земји од ЕУ

Според верските заедници, изучувањето на веронауката во училиштата значи следење на примерот од поголемиот број земји во Европската унија и токму веронауката е демократска придобивка, која ќе придонесе за градење на морално и духовно здраво македонско општество.

„Ќе ја вратиме кај децата радоста во душата, насмевката на лицата и моралноста во срцата. Ќе им помогнеме во усвојувањето на духовните богаства, во изградувањето на основниот систем на моралните вредности и во осознавањето на својот верски и национален бит, како и почитта кон другите кои припаѓаат на друга вера и нација“, стои во отвореното писмо потпишано од духовните водачи на верниците во Македонија.

Македонија во извештаите на меѓународните фактори е дефинирана како мултиконфесионално општество со значителен степен на верска толеранција. Најбројните заедници во Македонија имаат усогласени ставови во однос на клучните прашања што ја сочинуваат религиската сфера.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска