1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Веродостојни информации дека Иран создавал атомско оружје

Ретко кога еден извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија за иранската атомска програма бил очекуван со толкава напнатост. И ретко кога во него имало толку јасни зборови за атомското вооружување на Техеран.

default

Владата во Техеран досега постојано укажуваше дека атомската програма на земјата наводно служи исклучиво во мирољубиви цели

Според сознанија на Меѓународната агенција за атомска енергија, Иран најмалку до минатата година во рамките на неговата атомска програма изведувал работи кои би можеле да служат во развој на нуклеарно оружје. Во извештајот кој им е доставен на владите на 150 земји-членки на МААЕ, се вели дека агенцијата на располагање има голем број веродостојни информации дека Иран до 2010 години спровел повеќе проекти за развој на атомска боева глава. Никогаш претходно агенцијата толку јасно не говорела за постоење програма за развој на атомско оружје во Иран. Исто така и опсегот и прецизноста на деталите се невообичаени. Постојано составувачите на извештајот истакнуваат дека нивните сознанија ги црпеле од бројни независни извори.

Со нетрпение очекуван извештај

Според нив, Иран во изминатите години бил наголемо активен во разработувањето на најважните делови за производство на атомско оружје. Кон тоа се вбројуваат, покрај досега познатото облагородување на ураниум, и контрукцијата на атомска боева глава, која иранските ракети би можеле да ја транспортираат, како и комплицираното развивање на механизмот за потпалување, кој може да предизвика нуклеарна верижна реакција.

Internationale Atombehörde IAEA Flash-Galerie

Меѓународната агенција за атомска енергија

Извештајот на МААЕ овојпат беше со нетрпение очекуван, пред се’ поради тоа што Израел претходно јасно стави до знаење дека доколку е неопходно, ќе го спречи натамошното развивање на нуклеарната програма на Иран со воени средства. Израелската влада веќе долго време смета дека Иран има постигнато голем напредок во процесот на создавање атомско оружје. Владата во Техеран досега наспроти тоа постојано укажуваше дека атомската програма на земјата наводно служи исклучиво во мирољубиви цели.

Тајни проекти на Иран и покрај членството во МААЕ

Пред повеќе од 40 години Иран го потпиша договорот за неширење на атомското оружје и со тоа режимот во Техеран се приклучи кон МААЕ. Соработката меѓу Иран и агенцијата, меѓутоа, веќе подолго време е многу проблематична, зашто Иран повеќе од две децении изведува тајни проекти и го признава само она што може да се докаже.

Но, во чуствителното поле на атомската енергија довербата не се стекнува на таков начин.

Автор: Јерг Пас / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска