1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Верни на Грција и покрај кризата

Странските претприемачи се барани во Грција. Сопствениците на „Лајтенбергер Група“ веќе 25 години во Грција произведуваат термометри за извоз и сега повторно инвестираат. А кризата?

default

Навистина се осмелија - Ахим Латенбергер и Гернот Кулон се претприемачи од Германија и инвестираат во Грција - среде криза. Вкупната инвестиција е околу половина милион евра. Треба да се доопреми фабричката хала за да се прошири производството.

„Имаше моменти кога навистина размислувавме дали тоа да го сториме. Дали да чекаме и да ја запреме работата? Но, побарувачката беше голема и едноставено беше неопходно да донесеме одлуки сега. Долго сме во Грција и за нас не доаѓа предвид да одиме во друга земја“, вели Гернот Кулон.

Тие во Грција произведуваат 25 години, исклучиво за извоз - термометри за големи ладилници. Овде никогаш не се штрајкувало. Квалитетот е добар и при плати од 900 евра нето, велат двајцата, производството во Грција се исплаќа и покрај можните ризици:

14.10.2011 made in germany griechenland

Доопремување на новата хала, за да се прошири производството

„Немаме многу можности за реагирање. Се обидуваме на сметката во Грција да имаме само неопходен износ пари, за во случај да дојде до принудна размена на валути или до замрзнување на сметките, да избегнеме поголема загуба на пари“, објаснува Кулон.

Искуството покажува дека произведување во Грција е Херкулесова задача, пред се‘ што се однесува до бирократските пречки, како дозвола за употреба на нови машини. Во меѓувреме, ваквите нешта би требало да одат полесно, барем така вели владата:

„Сметаме дека многу нешта станаа дури и полоши, но сигурно не подобри. Само да наведам еден пример - ја проширивме зградата и размислувавме дали за тоа да побараме субвенции. За првиот дел од градежните работи тоа го сторивме, но постапката е премногу компликувана, пребирократска“, нагласува Кулон.

Навечер, двајцата уживаат во грчката гостопримливост, која ја има и покрај кризата. Навикнати се на добрите и лошите страни на земјата и и‘ остануваат верни, дури и во овие тешки времиња.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Милтиадес Арсенопулос / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: