1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Верни на Вашингтон

На 12 март 1999 г., Чешка, Унгарија и Полска станаа членки на НАТО. Тоа беше првото проширување на западната воена алијанса кон истокот од крајот на студената војна. Што им донесе членството во НАТО на овие три земји?

default

Знамето на НАТО

По крајот на комунизмот во Европа, во периодот 1989/90, добар дел од владите на земјите на истокот од стариот континент се залагаа за членство во НАТО и ЕУ. За три земји од поранешниот источен блок, Полска, Чешка и Унгарија, членството во НАТО се случи пред тие да станат дел од ЕУ. Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, во 1997 година ја соопшти добрата вест: „Шефовите на држави и влади денеска се согласија да им понудат на Чешка, Унгарија и Полска почеток на преговори за членство во НАТО“, изјави Солана.

Околу две години подоцна, на 12 март 1999, тие станаа членки на Алијансата. Трите земји од поранешниот Варшавски пакт амбициозно се наметнаа во новиот сојуз, посебно во очите на Американците кои го имаат главниот збор. Така во 2003 година, тие станаа дел од коалицијата предводена од САД која ја започна војната во Ирак.

Rumsfeld vor der Anti-Terror-Kommission

Поранешниот американски министер за одбрана Доналд Рамсфелд

Не стануваше за мисија на НАТО, но учеството наиде на добар прием во Вашингтон. Кратко потоа, американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд зборуваше за стара и нова Европа:

„Кога зборувате за Европа мислите на Франција и Германија. Меѓутоа јас не мислам така. Сметам дека дека тоа е стара Европа. Кога денеска ќе ја погледнете целосната НАТО-Европа, тогаш ќе видите дека тежиштето се поместува кон исток“ изјави Рамсфелд.

Вознемиреност во Прага и Варшава

Довербата и сојузот со Вашингтон три години подоцна доведе до тоа, владите на Чешка и Полска да изразат подготвеност да отстапат дел од својата територија за инсталирање на американскиот антиракетен штит. Со тоа тие предизвикаа тензии во односите со Русија.

NATO Generalsekretär Jaap de Hoop Scheffer beim Nato Aussenministertreffen in Brüssel

Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер

Вознемиреноста кај властите во Прага и Варшава е поголема откако новиот американски претседател, Барак Обама го стави под прашање реализирањето на антиракетниот проект, а министрите за надворешни работи на НАТО на 5 март годинава презедоа решителен чекор кон Русија. Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер изјави:

„Министрите за надворешни работи се согласија дека што е можно поскоро по самитот на НАТО во Стразбур и Кел, повторно да се воспостави советот НАТО-Русија“.

Приближување со Русија

Полска, Чешка, Унгарија и други земји членки на поранешниот Варшавски пакт во меѓувреме стравуваат дека НАТО врз нивен грб ги приближува односите со Русија. Ваквите стравувања се обиде да ги ублажи министерката за надворешни работи на САД, Хилари Клинтон:

Hillary Clinton Aussenminister Nato Treffen Brüssel

Американската министерка Хилари Клинтон се обиде да ги смири стравувањата

„Сакаме да соработуваме и да ги поддржуваме сите сојузници во НАТО. Ја разбираме загриженоста на дел од земјите во источна Европа, кои имаат долго искуство со Русија, околу дијалогот на западот со Русија, без разлика дали станува збор за дијалог меѓу НАТО и Русија, или САД и Русија“, изјави Клинтон.

Се чини дека и Американците се изненадени од тоа колку е голем стравот кај земјите од источна и средна Европа, да не станат играчка во рацете на големите членки на НАТО.