1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Верниците го слават Бенедикт Шеснаесетти

Папата се збогува со верниците. На претпоследниот рецитал на молитвата Ангел Господов присуствуваа околу 50.000 верници на плоштадот Свети Петар во Рим. При изборот на наговиот наследник, Ватикан го забрзува темпото.

Папата Бенедикт Шеснаесетти ја повика католичката црква и нејзините членови на обновување. Ова значи „спиритуална борба, бидејќи духот на лошото се обидува да не оттргне од Божјиот пат“.

17.02.2013 Pilger beten mit Papst das vorletzte Angelus-Gebet

Плоштадот Свети Петар во Рим (17.02.13)

Папата исто така лично се обрати до десетиците илјади верници собрани на плоштадот Свети Петар. „Ви благодарам што дојдовте во толкав број. И ова е знак за наколонетост и духовна близина, која ми ја покажувате овие денови“. Многумина верници донесоа транспаренти и извикуваа „Бенедето“.

Портпаролот на Ватикан Фредерико Ломбарди најави дека изборот на наследникот на Папата Бенедикт Шеснаесетти би можел да биде одржан порано, отколку што е пропишано со црковното право. Причината - правилата за свикување на конклавата се конципирани за случај Папата да почине, појасни Ломбарди. Со оставката на Папата ситуацијата е поинаква и можно е црковните одредби „да се интерпретираат на друг начин“. Инаку е предвидено во рок 15 до 20 денови да се избере нов Папа, за кардиналите да имаат доволно време да дојдат во Рим. Но, со најавената оставка на Папата, кардиналите кои се овластени да избираат веќе имаат доволно време да се подготват.

Папата Бенедикт Шеснаесети на 28. февруари ќе се повлече од функцијата Поглавар на римо-католичката црква. Како причина за ваквиот чекор германскиот Папа ја наведе физичката и духовна исцрпеност.