1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Вердер само во Купот на УЕФА

Баерн победник во групата, иако со Интер одигра само нерешено

Од средбата Барселона - Вердер

Од средбата Барселона - Вердер

Вердер не успеа да се надмине себе си во дуелот со славната Барселона на нејзин терен – му беше доволен и нерешен резултат за пласман во вториот круг од Лигата на шампионите, но се враќа поразен со 2 спрема 0 и сега ќе мора да се префрли во Купот на УЕФА. Се’ беше готово веќе во 18-тата минута, до кога Барселона, бранител на титулата во Лигата на шампионите, веќе обезбеди водство со два гола разлика, што остана и до крајот.

“Сега, по средбата, поразот многу боли, оти долго време рамноправно се носевме. Ни фали уште само малку и тоа треба сами да го сфатиме во нашите глави” – рече репрезентативецот Пер Мертесакер. Тренерот на Вердер Томас Шааф, како и секогаш, остана реалист: “Се разбира дека радо сакавме да постигнеме повеќе, но не беше можно. Сега со 10 бодови мораме да отпаднеме од наредната рунда. Но, и’ честитаме на Барселона. Тие денеска играа прекрасно и заслужено победија”.

Челзи го совлада Левски од Софија со 2 спрема 0 и е победник во А-групата со 13 бодови, Барселона има 11, Вердер 10, а Левски не освои ниту бод, прими 17, а постигна само еден гол во шесте натпревари.

Во Б-групата однапред беше јасно дека Баерн и Интер се веќе во наредната рунда на Лигата на шампионите и нивниот меѓусебен дуел во Минхен беше прашање на престиж. Баерн поведе во 62-та минута – Рој Макај конечно, по 506 минути, постигна гол во ова накјквалитетно европско клупско натпреварување. Кога се чекаше само судијата да означи крај гостите од Милано сепак успеаја да израмнат. Баерн на крајот е прв со 12 бодови, Интер има 10.

О-тон

“Цел ни беше како први да ја завршиме оваа рунда и тоа суверено го остваривме. Поради тоа, задоволен сум како игравме во овој круг на Лигата на шампионите и дека толку јасно и убедливо се пласиравме понатаму” – изјави тренерот на Баерн Феликс Магат.

Спартак од Москва успеа да го совлада Спортинг во Лисабон со 3 спрема 1 и да се избори за учество во Купот на УЕФА, иако обете екипи имаат ист број бодови, а Спортинг и подобра гол-разлика – но според правилата при ист број бодови решавачки се резултатите од директните меѓусебни дуели.

Во Ц-групата Галатасрај во Истанбул го победи лидерот Ливерпул со 3 спрема 2, но тоа не му помогна, бидејќи Жиронден Бордо како гостин го совлада Ајндховен со 3 спрема 1. Ливерпул и Ајндховен го имаа обезбедено пласманот за натамошните натпревари, а екипата од Бордо ќе продолжи во Купот на УЕФА.

И во Д-групата првото места веќе беше обезбедено за Валенсија, а и’ се придружи и Рома, откако во меѓусебниот дуел како домаќин славеше победа од 1 спрема 0. Во Пиреја Олимпијакос одигра нерешено со Шахтјор од Доњецк 1 спрема 1. За место во Купот на УЕФА кое се избори Шахтјор.

Денеска се играат средбите од преостанатите 4 групи. Хамбургер ја пречекува ЦСКА од Москва – германскиот тим се збогува од европската сцена, а ЦСКА има шанси дури и за вториот круг во Лигата на шампионите.