1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Вердер на пат кон титулата германски првак

22-то коло на германската сојузна фудбалска лига за две екипи би можело да значи предвремено решение. Вердер Бремен со победата над Борусија од Дортмунд од 2 спрема 0 мина значајна пречка на патот до четвртата титула. "За Бремен тоа беше најважниот чекор во првенството", проценува колумнистот на весникот "Ди велт". За екипата на Келн пак, по поразот дома од 3 спрема 1 против Минхен 1860 тао значи дека може да ги започне планирањата за втората лига, зашто од воведувањето на правилото за три бода од победа ниту една екипа што во 22 коло имала помалку од 22 бода не успеала да го задржи прволигашкиот статус: За разлика од Келн Берличани имаат причини за радост. Со заслужената победа од 3 спрема 1 против Хановер 96, Херта во битката за опстанок направи крупен исчекор, додека нејзините домаќини се најдоа во критична ситуација. Екипата на тренерот Ханс Мајер се искачи на 15-тото место и ги мина Борусија Менхенгладбах и Кајзерслаутерн кој по пеналот во 83 минута загуби од Фарјбург со 1 спрема 0. Бремен 16 кола во серија нема пораз и има комотно водство од 7 бода предност пред Барен од Минхен пред преостатантите 12 кола. "Ако продолжат вака да играат ќе бидат шампиони" смета фудбалерот на Борусија Дортмунд Себастијан Кил. А, што е со црно-жолтите? Финансиски со полугодишен рекорден минус од 29,4 милиони евра, шест бода оддалечени од место што води во лигата на шампионите и во наредните недели без плејмејкерот Томаш Росицки. "Со победа ќе можевме да покажеме сигнал на враќање", вели тренерот Матијас Замер. Ова, без сомневање, му успеа на голманот на Баерн, Оливер Кан. По големата грешка против Реал од Мадрид, му успеа да се врати во натпреварот против Вослфбург што Баерн го доби со 2 спрема 0. Тренерот на Баерн Отмар Хицфелд со пофални зборови за Кан: "Мора да му се оддаде комплимент на Оливер Кан. Го спречи изедначувањето и на двапати сензационално го одбрани својот гол. Тој вистина беше добар, а имавме и среќа што на полувремето заминавме со водство. Во второто полувреме игравме подобро, бевме подобро организирани, направивме промена во средниот ред и имавме добри шанси". Фудбалерот на поразениот Волфсбург Пабло Тијам вака го виде натпреварот: "Повторно направивме две големи грешки. Првиот пат при слободниот удар кој беше набрзина изведен, не бевме будни. Потоа се опуштивме и при корнерот повторно направивме грешка. Баерн играше добро, направи помалку грешки и победи". Штутгарт и Баер од Леверкузен никако да го најдат патот за излез од кризата. Швабите станаа случај за психолог зашто победија само еднаш во последните 12 натпревари, а разачораа и во саботата играјќи 0 спрема 0 против Шалке 04. "Ментален тренер вероајтно би бил најдобриот", изјави фрустрираниот тренер Феликс Магат. Доволно е зборувано за Баер, некогашниот финалист на лигата на шампионите. Поразот од 3 спрема 1 против Хамбург, менаџерот на екипата Рајмонд Калмунд сепак го бранеше:"Мислам дека резултатот е во ред". На Бохум и натаму му оди добро и покрај нерешниот резултат од 0 спрема 0 против Росток на домашен терен. "Со победа ќе направевме голем чекор напред. Овој е помал", изјави тренерот Петер Нојрурер. Додека Бохум се погрижи за бура на врвот, тоа на дното го прави Анјтрахт од Франкфурт. Со победата од 3 спрема 1 против Борусија од Менхегладбах, екипата за првпат по 8 ноември ги напушти местата што водат во втората лига и заедно со Вердер е најспешниот тим на почетокот од вториот дел на првенството.