1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Вен Џијабао говореше во јапонскиот парламент

Кинескиот премиер Вен Џијабао во говорот пред јапонскиот парламент зборуваше за потесна соработка меѓу двете земји. Тој побара и да се надминат разликите во мислењата меѓу двете земји. и додаде дека и кинескиот и јапонскиот народ се жртви на Втората светска војна. Ван нагласи дека Кина го цени извинувањето од Јапонија, но раководството во Токио треба тоа да го покаже и преку дела. Говорот на Вен, е прв говор на кинески лидер по дваесет години во јапонскиот парламент. Претходно Вен и неговиот домаќин, јапонскиот премиер Шинцо Абе разговараа за тесна соработка во економијата, енергетскиот сектор и заштитата на климата.