1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Венизелос со Бан ќе разговара за Македонија

Грчкиот вицепремиер Венизелос на средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, се очекува да разговара и за прашањето за името. По последните преговори Атина повтори дека е за сложено име со географска одредница.

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос утре (21.09) ќе отпатува во САД, каде в недела во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Една од темите во разговорот се очекува да биде прашањето за името на Македонија, а ќе се дискутира и за Кипар и ситуацијата на Блискиот Исток.

Грчкиот вицепремиер на 12. септември ја информираше Парламентарната комисија за национална одбрана и надворешна политика за неговата средба со медијаторот Метју Нимиц, при што информира дека следниот состанок во врска со прашањето за името најверојатно ќе се одржи последната седмица од септември во Њујорк.

Тој и тогаш повтори дека Атина е за сложено име со географска одредница што се однесува на географскиот поим на името, а не на „политичкиот термин“, и оти е само за ерга омнес решение.

По посетата на Нимиц на Атина и Скопје, грчките медиуми напишаа дека медијаторот сака да ја искористи ситуацијата кога Венизелос и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во исто време ќе бидат во Њујорк кон крајот на септември, за да одржи уште една рунда состаноци.

Во официјалното соопштение од грчкото МНР за средбите на Венизелос се вели дека тој во Њујорк ќе одржи повеќе билатерални и мултилатерални средби.

Поврзана содржина