1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Венизелос: Проблемот со името не е билатерален, туку меѓународен

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос одговори на забелешките на европратениците во однос на евроинтеграцијата на Македонија. Тој истовремено најави посета на регионот.

На заблешката на европратениците дека постои билатерален проблем меѓу Македонија и Грција во однос на името, што ја попречува земјата во ероинтеграцијата, министерот за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос смета дека оваа констатација „не е точна“.

„Проблемот со името не е билатерален проблем, тој е меѓународен проблем. Дијалогот, преговорите, услугите на посредник Нимиц се втемелени врз две резолуции на ООН и на фундаменталниот принцип на европските придобивки, на европското право, односно на принципот на почитување на резолуциите на ООН“, рече Венизелос.

Според заменикот грчки премиер, не е прашањето со името тоа кое создава пречка за евроинтгерацијата и отворање на процедурата за почеток на преговорите.

„Проблемот е реализијата и почитувањето на општите критериуми кои треба да ги почитуваат сите земји кандидати и тоа што важи за сите земји кандидати, важи и за ПЈРМ“, рече тој.

Според Венизелос зад спорот со името се кријат други проблеми: „Почитувањето на меѓународното право, регионалната стабилност, иредентизмот - кој го кажува или го крие своето име, како и добрососедските односи“, истакна Венизелос.