1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Венизелос повторно побара „ерга омнес“ за решение за името

Потпретседателот на грчката влада Евангелос Венизелос во своето вчерашнo (27.09) oбраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк ги повтори грчките позиции за спорот за името со Македонија.

„Грција секогаш беше цврст поддржувач на европската иднина за балканскиот регион. Процесот на европската интеграција значи напуштање на менталитетот на поделби и одење кон ера на блиска соработка врз основа на поставени вредности и принципи. Ние сакаме да ги развиваме нашите односи со Поранешната Југословенска Република Македонија, врз основа на принципите на Повелбата на Обединетите нации и во рамките на добрососедските односи. Грција е посветена на тековниот процес на преговори во Обединетите нации за да се изнајде решение на спорот за името. Затоа ги продолжуваме нашите напори да изнајдеме заемно прифатливо име, за сите употреби, ерга омнес, кое нема да остави сиви зони и ќе дозволи јасно разграничување меѓу нашата соседна земја и регионот Македонија во северна Грција“, рече Венизелос.

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи додаде дека ваквото решение ќе овозможи натамошно интегрирање на Македонија во евроатлантските институции и ќе придонесе кон просперитетот на целиот регион.

Од друга страна, Венизелос во обраќањето го поздрави договорот меѓу Србија и Косово, за кој рече дека ќе ги води двете земји поблиску кон Европската унија. Венизелос се осврна и на другиот регионален спор за кој се преговара пред Обединетите нации, за поделениот остров Кипар. Венизелос воедно се осврна на економската криза во Грција, велејќи дека по шест години рецесија Грција ги завршила структурите реформи и тешките жртви на нејзините граѓани, и очекува подобри денови.

Поврзана содржина