1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Венизелос: Нова рунда разговори за името од септември?

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос најавил нова рунда на разговори околу спорот за името од септември. Скопје на Атина треба да гледа како партнер и влезна врата во евроатланските интеграции, порачал тој.

Венизелос, во обраќањето пред Комитетот за одбрана и надворешни работи во грчкиот парламент, порачал дека на почетокот од септември ќе оствари средба со медијаторот Метју Нимиц, на која ќе се разговара околу последниот предлог за решавањето на спорот за името.

Покрај ова, Венизелос потенцирал дека прашањето за името не е тоа што го попречува македонското членство во Европската унија и НАТО, туку дека тука има други критериуми, а во поглед на евроинтеграциите на земјата, тој додал дека Грција ги поддржува истите.

Грчкиот министер ја нагласил потребата од почитувањето на меѓународното право и договорите, но и добрососедските односи, додавајќи дека Скопје на Атина треба да гледа како партнер и влезна врата во евроатланските интеграции.