1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Венизелос и Фабиус разговарале за Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и неговиот француски колега Лоран Фабиус на средба во Париз разговарале за спорот со името, објавуваат денеска (14.01) грчки медиуми, а пренесува агенцијата МИА.

Весникот „Етнос“ денеска пишува дека Венизелос и Фабиус имале „апсолутно усогласени мислења за спорот со Скопје“. Детали од вчерашните разговори во Париз не се објавуваат.

Двајцата министри по средбата во Кеј Д’Орсеј изјавија дека биле разгледани приоритетните прашања за грчкото претседавање со Унијата, како економскиот развој, борбата против невработеноста, банкарската унија и продлабочувањето на економската и монетарната унија. Македонија, Западен Балкан и проширувањето на ЕУ воопшто не ги спомнаа.

Сепак, од француското Министерство за надворешни работи, како што јавува МИА, било потврдено дека се зборувало за проширувањето на Унијата, без притоа да се навлезе во детали.

Евангелос Венизелос од Париз заминува за Вашингтон каде што в четврток (16.01) ќе има средба со американскиот државен секретар Џон Кери, на која се очекува, меѓу другото, да се разговара и за грчко-македонскиот спор за името.

Поврзана содржина