1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Венизелос и Вигенин ја предупредуваат Македонија

Грчкиот и бугарскиот министер за надворешни работи, Венизелос и Вигенин по средбата во Атина го опоменаа Скопје дека добрососедските односи се клучни за европската интеграција

Добрососедските односи се меѓу клучните фактори кои го детерминираат патот во евроинтеграциите на една земја-кандидат, порака од шефовите на дипломатиите на Грција и Бугарија, Евангелос Венизелос и Кристијан Вигенин, кои попладнево имаа средба во Атина.

„Земјите-членки на Советот се тие кои ги носат конкретните политички одлуки врз база на критериумите од Копенхаген, критериуми кои се однесуваат на европската правна и политичка култура, на почитувањето на меѓународното право, на добрососедските односи. Овие критериуми, треба да се исполнети од сите земји кои посакуваат интеграција во европското семејство“, изјавил грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос.

Неговиот бугарски колега ги потврдил овие ставови, потенцирајќи дека прашањето за добрососедските односи е клучно прашање за секоја земја која има аспирации за членство во Европската унија. „Дискусијата ќе продолжи до состанокот на Советот, па така е многу рано да се разговара за конкретни позиции и прашања, но јасните точки се веќе на маса. Би рекол дека сега е ред на Скопје да реагира за извештајот и за нерешените прашања со соседните држави“, изјавил Вигенин.

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2013 година повторно беше ставен акцент на добрососедските односи кои земјата ги има овие две земји-членки на Унијата. Спорот за името со Грција останува клучната препрека за натамошниот напредок во евроинтеграциите, а за Унијата важен станува и договорот за добрососедски односи кој Бугарија ѝ го предложи на Македонија, и за кој во моментот се водат и активни преговори меѓу Софија и Скопје.

Поврзана содржина