1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Венизелос: Географска одредница и „ерга омнес“

Шефот на грчката дипломатија Венизелос по средбата со генералниот секретар на ОН, Бан во Њујорк уште еднаш ја повтори позицијата на неговата земја во спорот за името.

Националната позиција на Грција за името е јасна - име со географска одредница за севкупна употреба, изјави шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Њујорк, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун. Нагласувајќи оти Бан Ки-мун добро ги знае позициите на Атина за спорот со Скопје, според Венизелос, ваквото решение ќе и помогне на Македонија да има евроатлантска перспектива што е многу важно за Грција, која, истакна, сака стабилност во регионот на Западен Балкан.

„Ние поддржуваме заеднички прифатливо сложено име со географска одредница, кое ќе биде за севкупна употреба – ерга омнес. Тоа е конечно, јасно, функционално решение. На овој начин и соседната земја ќе биде во можност да ја најде својата европска перспектива, што е многу важно и за неа и за нас, зашто сакаме целиот Западен Балкан да ја најде заедничката перспектива, нешто што е стабилизирачки фактор во нашиот регион. Ќе ја понудиме сета расположива помош. Ние сме големи инвеститори, голем сосед кој, со чувство на пријателство, може да помогне, секако само доколку постои добра волја, добрососедство и почитување на меѓународното право, изјави Венизелос.

Во соопштението од канцеларијата на генералниот секретар стои дека соговорниците размениле мислење за перспективите за решавање на спорот за името, вклучително и исходите од неодамнешната посета на посредникот Метју Нимиц. За денеска во Њујорк е најавена средба на еврокомесарт за прширување Штефан Филе со медијаторот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц. Се уште не се знае дали во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН ќе има средба меѓу македонски и грчки државни претставници.