1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Венизелос: БиХ треба да се позанимава и со економските проблеми

ЕУ е подготвена да и‘ даде целосна поддршка на БиХ за зачувување на стабилноста и интегритетот и спроведување на реформите, порача шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос по разговорите со државниот врв на БиХ.

Евангелос Венизелос за време на разговорите во Сараево истакна дека Грција на БиХ и‘ е историски пријателска земја, која е секогаш подготвена да помогне во потребните иницијативи на нејзиниот евроинтеграциски пат. Со своите соговорници Венизелос се согласил дека економските односи меѓу двете земји би можеле да бидат значително подобри, силно поддржувајќи ја БиХ да биде дел од трасата на Трансјадранскиот гасовод, кој се протега од турската граница преку Грција до Италија.

Грчкиот министер за надворешни работи нагласи дека европскиот пат на БиХ истовремено треба да се искористи и како можност за јакнење на внатрешното интегрирање на земјата, а неодамнешните масовни протести ги оцени како „показател дека државата, покрај етничките и уставните, мора сериозно да се позанимава и со проблемите од економска и социјална природа“.

Милошоски: Посетата на Венизелос ќе ја илустрира хипокризијата на Грција

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос вечерва пристигнува во Македонија, која е една од станиците на неговата Балканска турнеја. Посетата не е небитна, но таа ќе биде како рамка без слика бидејќи грчкиот парадокс и хипокризија кон евроинтеграциите се состои во тоа што за ЕУ и преспективите за интегрирање во Република Македонија ќе говори претставникот на земјата која ги блокира тие европски преспективи, изјави денеска (19.02) пратеникот и поранешен шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

„Сметам дека господинот Венизелос многу добро ја знае состојбата во регионот и исто така е искусен политичар којшто во услови на голем пад на неговата партија не би направил нешто што можеби дел од македонската јавност или ДУИ го очекува во овој момент. Секој што очекува премногу од посетата на Венизелос ќе биде разочаран следниот ден после неговото заминување“, изјави Милошоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ДУИ, чиј лидер ќе се сретне со Венизелос, и‘ работи зад грб на ВМРО-ДПМНЕ.