1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Венецуела купува оружје од Русија

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез во моментов е на турнеја во повеќе земји:внимателно формулирано,тој сака да ги придобие критичарите на САД за политичка и економска соработка и нивни гласови за место за неговата земја во Советот за безбедност на ОН. Тој се сретна со рускиот претседател Владимир Путин

Хуго Чавез во Москва

Хуго Чавез во Москва

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез,ја постигна првата политичка цел на својата посета на Москва:рускиот претседател Владимир Путин се изјасни за прием на Венецуела во Советот за безбедност на ОН.Путин во Чавез стекна нов пријател:

-Венецуела е наш природен партнер.На американскиот континент таа го зазема првото место според резервите од нафта,според резервите со гас,осмо.Тоа значи големи потенцијални можности.Се надевам,господине претседателе ,дека Вашата посета ќе значи импулс за повеќестрани односи меѓу Венецуела и Руската федерација.

Со тоа без сомнение шефот на Кремљ Владимир Путин мислеше на оружје,иако јавно двајцата државници ја одбегнуваа оваа тема.Русија,најголемиот извозник на оружје во светот,на Венецуела и испорача веќе 100 илјади калашникови,што венецуелскиот амбасадор во Москва го означи како премалку.

Од Русија Чавез купува две фабрики за производство на автоматско оружје.Американските борбени авиони Ф 16 треба да бидат заменети во Венецуела со најмалку 24 Сухои,кон што доаѓаат и 53 руски воени хелихоптери.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов ја отфрли американската критика врз испораките на оружје и молбата до Москва да размисли за нив.Тоа не доаѓа во предвид,изјави политичарот кој важи за можен наследник на Путин.Оружјето е важно за заштита на една земја,а освен тоа не се коси со меѓународните ниту со руските закони.

Чавез,популистички социјалист,не ја крие својата политичка ориентација.Тој ќе ја брани Венецуела како Русите Сталинград против Германците,ако некој се меша во внатрешните работи на Венецуела.САД се апсолутно неморална и ционистичка империја,која сака да ја запре револуцијата во Венецуела,смета Чавез.

Русија исто така се поврзува со земјите со кои Кремљ се обидува да се етаблира како противтежа на Белата куќа.