1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Венеција - остров само за богатите

Во италијанскиот град Венеција се‘ почесто се градат хотели, кои имаат за цел да ги привлечат богаташите од светот. Дали масовниот туризам направи Венеција да изгуби од својот идентитет?

default

Венеција

Ароматични масла, многу бамбусови дрвја, ѕидови обоени во нежно зелена боја – тука, во велнес-центарот на хотелот „Паладио“ работи Ангела. Нејзините топли, лесно потеменети дланки, минуваат по грбот на една дама, која удобно лежи на креветот за масажа. Очите затворени, телото опуштено, дамата ужива во масирањето. Потоа Ангела ќе и` ја подаде бањарката и откако таа ќе се пресоблече, ќе ја послужи со чај од билки.

Велнес-центарот се наоѓа директно на каналот Џудека. На другата страна се издигнува камбанаријата на плоштадот Маркус. Дамата со шољата чај особено го сака овој хотел. Таа е негова сопственичка. „Се обидов да изградам хотел, кој ќе биде повеќе од само сместување и храна. Бев водена од идејата за повлекување во природата, за поинаков начин на гостопримство во Венеција“, објаснува Франческа Бортолото Позати.

„Кванитетот е спротивност на квалитетот“

BdT Deutsche in Venedig für die schönste Maske geehrt

Волшепството на Венеција може да се загуши

Франческа Бортолото Позати, грациозна, негувана дама со руса коса, ги прекрстува нозете. Таа потекнува од старо венецијанско семејство, кое во лагуната поседува повеќе хотели со пет ѕвезди. „Квантитетот е спротивност на квалитетот, тоа е веќе познато. Секако дека Венеција не може да му ги затвори вратите на светот, но потребна е стратегија и ограничувања, бидејќи Венеција е скапоцена и нејзиното волшепство не треба да биде загушено од луѓе кои не можат да ја препознаат нејзината вистинска вредност. Така губиме од квалитетот“, вели таа.

Дали тоа значи дека во Венеција ќе смее да дојде само оној кој тоа ќе може финансиски да си го дозволи? „Селекцијата на посетителите не треба да се интерпретира како метод за елиминација. Тоа е повеќе една мерка на заштити, за да се сочува вредноста на Венеција и да им обезбедиме и на идните генерации да ја најдат онаа Венеција, која ја бараат. На Венеција и е потребна свест за својот идентитет и мора да одлучи што сака да биде во иднина“, објаснува Бортолото Позати.

Средната класа не може да си дозволи живот во Венеција

Kanal in Venedig heute

Нема место за средната класа во Венеција

Во тоа сопственичката на хотели е согласна со нејзиниот најголем противник. Марко Видал е претседател на Здружението на младите Венецијанци и се бори против изградбата на хотели: „Големиот канал не‘ става пред огледалото. И што гледаме? Само хотели. Пазарот на недвижности е под силно влијание на туристичката побарувачка. Кога јас на пример барам стан, морам да се соочам со претерани барања за станарина. Градот доделува и социјални станови, но нив ги има премалку и се наменети само за населението со навистина ниски примања. Средната класа не профитира и како резултат на тоа повеќе не може да си дозволи живот во Венеција."

Раскошните хотели се дел од градската култура

Всушност, мнозинството жители на Венеција веќе живеат во Местре, на копно. Некои живеат и на малите острови, кои досега не беа толку привлечни за туристичката бранша, но и таму изградбата на хотели почнува да ги „брка“ локалните жители.

Stadtansicht Venedig - Canale Grande

Никој не се грижи за имџот на Венеција

„Нема ниеден проект кој им е посветен директно на жителите на Венеција. Наместо тоа, им се отвораат вратите на шпекулациите и пазарењето. Туризмот се распространи толку силно, што на оние жители на Венеција, кои не се занимаваат со туризам, не им остава простор за избор“, вели Видал.

Но туризмот не е само туризам, вели Серандреи. Младото момче го дефинира раскошниот хотел со четири ѕвезди на своето семејство како дел од венецијанската градска култура и смета дека масовниот туризам ќе ги избрка богатите гости: „Венеција минува низ тешки времиња. Градот е прекрасен, но никој не се грижи за неговиот имиџ и тоа се одразува негативно.“ Џани Серандреи ја поздравува изградбата на луксузни хотели на островот. Тој се надева дека на таков начин, Венеција ќе успее да поврати дел од својата пораншена луксузност.

Автор: Кристин Хаузен / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска