1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Велосипедот како моден детал

Досега велосипедот важеше за практично превозно средство, сега се’ повеќе станува моден детал, особено во метрополи како Лондон. Германскиот фотограф Хорст Фридрихс ги фотографираше велосипедистите на улиците на градот.

Лондончани, од моден аспкет перфектно се усогласени со нивниот велосипед. За нив велосипедот не е семо средство за превоз, туку и моден додаток и статусен симбол. Германскиот фотограф Хорст Фридрихс за овој тренд објави монографија под наслов Cycle Style.

45-годишиот фотограф особено го предзвикуваше еден мотив: „Тоа е комбинацијата: човек кој е дотеран од глава до петици, на велосипед што сјае, кога тоа ќе се спои, тогаш тоа е моментот, тогаш се притиска копчето на камерата.“

Altes Fahrrad mit Milchkanne

Стари или...

Монографијата претставува преглед на актуелната велосипедска мода: од носталгични машки велосипеди, преку т.н. фиксис, до велосипеди на склопување. Во моментов во Лондон е во тренд Нео денди стилот.

Дури и познати личности, како британскиот моден дизајнер Пол Смит се фотографираа со својот велосипед за монографијата. За Хорст Фридрихс е важно во неговите фотографии да биде застапен автентичен момент.

„Им се обраќам на луѓето на улица. Тоа е она што ме интересира: реални луѓе, не модели. Оти тоа сметам дека е прилично здодевно“

Подолго од една година Хорст Фридрихс фотографираше околу 200 велосипедисти за неговата монографија. Заедничко за сите нив: самоуверено настапуваат во јавноста со својот велосипед.

Trikots Olympia Großbritannien

... спортски

По некои од мотивитe, Фирдихс, и самиот професионален велосипедист, трагаше со недели. Други настанаа сосема спонтано за време на прошетките низ градот.

Перфектната фотографија всушност секогаш е човекот. Значи човекот со неговата машина, односно велосипедот. Мора да биде силен карактер. Потоа другите работи доаѓаат сами по себе: вистинската локација, вистинска атомсфера, вистинското светло... Но, основата е секогаш човекот.

Хорст Фридрихс го притиска копчето на фотоапратот меѓу 60 и 400 пати додека да ја добие идеалната фотогафија.

Некои од неговите модели имаа повеќе велосипеди дома, кои ги користат во зависност од поводот, за работа, за забава или за спортување.

„Велосипедот во меѓувреме е вистински лајфстајл продукт. Го бирам исто така како што ја одбирам мојата облека или моите чевли", вели велосипедист.

ARCHIV - HANDOUT - Die Luftaufnahme vom 05.12.2011 zeigt den Olympic Park in London, links die Schwimmhalle, in der Mitte die Wasserballarena und rechts das Olympiastadion. Am kommenden Mittwoch (18.4.) sind es noch 100 Tage bis zum Beginn der Olympischen Spiele in London, die vom 27. Juli bis zum 12. August 2012 stattfinden werden. Foto: ANTHONY CHARLTON - LOCOG HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES (zu dpa-Themenpaket «100 Tage bis zum Beginn der Olympischen Spiele in London» vom 12.04.2012) +++(c) dpa - Bildfunk+++

четири милиони велосипеди се тркалаат врз бртанскиот главен град

Хорст Фридрихс потекнува од Франкфурт и веќе 15 години живее во Лондон. Работи како фотограф за најтиражните магазини и весници.

Во 2008. ја доби реномираната награда „Lead Award“ за најдобри репортажни фотографии. Пред Cycle Style се занимаваше со рокери и мотоциклисти.

За некои од неговите монографии патуваше низ целиот свет. Неговите фотографии се изложуваат во меѓународни рамки, како на пример во Холандија или Мароко.

„Фотографијата секогаш беше клучот за светот. Некако рано забележав, кога го добив првиот фотоапарат на 15 години, дека тое е неверојатно добар алат. Фотоапаратот некако стана еден вид гласноговорник или средство за изразување“.

Лондон има жива велосипедска сцена: овде има околу 4 милиони велосипеди, речиси двојно повеќе отколку пред десет години. На улиците во моментов се гледаат многу велосипеди: така наречените Single-Speed-велосипеди со една брзина.

Исто така во тренд се и велосипедските кафулиња, како на пример на североистокот на Лондон. Овдека граѓаните прават пауза, го поправаат велосипедот. За Хорст Фридрихс ова место е златна ризница за добри мотиви.

„Мислам дека овде во Лондон за луѓето е важно преку облеката или преку велосипедот да пратат еден вид порака, да излезат шик облечени и да пристигнат некаде исто така убаво облечени. Тоа е многу важно во еден град, кад е модата е важен елемент“.

Хорст Фридрихс најрадо вози невпечатлив велосипед. Во моментов неговите фотографии се исложуваат во Германија, Велика Британија и во Холандија.