1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Велосипедисти од Белград во поход кон Сребреница

На обележувањето на 18 годишнината од геноцидот во Сребреница, во Поточари за првпат се присутни и група велосипедисти од Србија. Целта е искажување на солидарност со жртвите од геноцидот.

Белграѓанката Нина Ѓурѓевиќ-Филиповиќ, вели дека заедно со Ева Диниќ и Владимир Јевтиќ, минатата година учествувале во Маршот за мир и гледајќи ги велосипедистите од различни страни дошле на идеја и тие да се обидат да организираат нешто слично од Белград. „Одлучивме да ја преминеме Србија со велосипеди и да дојдеме на комеморацијата во Поточари“, раскажува Нина.

На прашањето: што е нивната цел со доаѓањето?, одговори Владимир Јевтиќ, наставник по историја од соседот на Сребреница, Бајина Башта: „Ние сакаме да кажеме, дека злосторствата што се направени од различни српски војски и паравоени сили на подрачјето на поранешна Југославија, не се во наше име“.

Тој вели дека, иако имал само 13 години, добро се сеќава на деновите за време на војната.

„На некој начин бев сведок на присуството на различни воени и паравоени формации, кои практично спроведуваа агресија врз Република Босна и Херцеговина“.

Навреди на патот кон Сребреница

Massaker von Srebrenica Völkermord Fahrradmarathon

Членовите на велосипедската група

Србија е прогласена за одговорна што не го спречила геноцидот во Сребреница. Учесниците на овој велосипедски поход сакаат да го потсетат населението во местата низ кои поминуваат на улогата на Србија во Босна и Херцеговина. Уште една београѓанка, Наѓа Духачек, вели дека за време на тој тридневен пат и 220 километри поминати на велосипед размислувала за тоа што доживеале луѓето од Сребреница и дека е посебно трогната од топлиот пречек.

“Мојот најголем впечаток е токму таа великодушност на луѓето одовде кои нас не дочекуваат со отворени раце“, вели Наѓа Духачек.

Дотолку повеќе што уште од почетокот велосипедистите од Белград, доживеале непријатности.

„На патот од Белград, во Шабац и Лозница, сретнувавме луѓе кои многу гласно го изразуваа своето несогласување со нашето доаѓање и уште повеќе поради симболиката која тоа ја претставува. Врвот на навредите го доживеавме во Братунац“, вели Наѓа.

Сепак се' тоа е бледо во споредба со тоа како луѓето нас не дочекаа во Братунац и колку беа непријатни. „И потоа неколку стотина метри подалеку, луѓето почнаа да не потчукнуваат по раменици, да ни кажуваат фала. Тогаш веќе не бев ни уморна“, истакнува Наѓа.

На нашето прашање колку просечниот граѓанин во Србија знае за тоа што се случило во Сребреница, Нина Ѓурѓевиќ-Филиповиќ, вели: „Мој впечаток е дека не сакаат да гледаат на тоа, не сакаат да зборуваат за тоа, едноставно не сакаат да се соочат со тоа“.

Молчат медиумите во Србија

„За тоа сведочи и односот на медиумите кон нас“, вели Наѓа Духачек и додава: „Никој не пренесе ништо за нашето доаѓање. Оние кои објавија нешто за нас, се

Massaker von Srebrenica Völkermord Nina Djurdjevic-Filipovic

Нина Ѓурѓевиќ- Филиповиќ

медиумите од регионот, пред се од Босна, или светските медиуми кои известуваа за тоа“.

„Граѓаните на Србија немаат право да молчат пред тоа што се случило, особено не тие во Босна“, вели Владимир Јевтиќ и додава: „Доколку некој не каже многу јасно дека тоа не е направено во негово име, всушност е направено. И да не е соучесник, тогаш е некој кој е одговорен на некаков начин“.

Соочувањето со минатато - основа за иднината

Јевтиќ за крај кажува дека не може да има вистинско помирување меѓу народите и дека злото може да се повтори, ако не се соочиме со вистината.

„Доколку нештата се ставаат под тепих, тие ќе ескалираат во блиска или подалечна иднина. Ако сакаме да градиме здрави односи во регионот, мораме да се соочиме со се ова што е направено во наше име, на просторот на поранешна Југославија за време на деведесетите“, вели Владимир Јевтиќ.