1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Величествен дочек на ракометарите во Скопје

Македонските репрезентативци со победа ги завршија натпреварите на СП во Хрватска. Во ракометната историја ќе остане запишано името на Лазаров и неговиот подвиг: 92 голови на еден Мундијал.

default

Кире Лазаров ги надигра голманите

Македонската ракометна репрезентација доцна синоќа се врати од Загреб каде на најдобар можен начин ги заврши настапите на СП. Во последниот дуел македонската репрезентација ја совлада Јужна Кореа со 32:31 и го освои 11. место.

Стотици луѓе со песни и овации ги пречекаа ракометниот јунак, Кире Лазаров и неговите другари кои на шампионатот во Хрватска покажаа дека Македонија во моментов е во редот на ракометните велесили. Славјето е уште поголемо со оглед дека, Кире Лазаров, влезе во аналите на најголемите натпреварувања. Со вчерашните 15. гола против Јужна Кореа тој стана најдобриот стрелец во историјата на ракометните Мундијали. Лазаров постигна вкупно 92. гола или шест повеќе од остварувањето на Кореанецот, Кјунг Шин Јонг, пред 14. години во Исланд.

Најдобриот македонски ракометар по пристигнувањето изјави дека е презадоволен од резултатот којшто го постигна репрезентацијата. Според него тимот дури подоцна ќе сфати каков резултат постигнал.

Денеска се играат полуфиналните мечеви

На шампионатот во Хрватска останаа уште четири репрезентации. Актуелниот олимписки првак Франција и европскиот шампион Данска попладне го играат првиот полуфинален дуел. Во вечерниот термин е натпреварот помеѓу домаќинот Хрватска и вицесветскиот шампион Полска. Натпреварот за златниот медал на програмата е во недела.

Инаку актуелниот светски шампион Германија вчера во натпреварот за петтото место ја совлада Унгарија со 28:25. Во дуелот за седмото место Шведска ја совлада Србија со 37:29. Победата на Норвешка против Словачка од 34:27 и го донесе деветото место.