1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Величање и осуда на делото на Шарон

По смртта на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон во светот го оценуваат како важен политички архитект на земјата. Радикалниот Хамас му посака да отиде во пеколот.

Израелскиот премиер Бенјамин Хетанјаху го нарече Ариел Шарон голем воен водач и храбар борец, за кого израелскиот народ секогаш ќе го чува сеќавањето во своето срце..

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Ариел Шарон беше вистински патриот, кој има големи заслуги за својата земја:

„Со неговите храбри одлуки да ги повлече израелските населби од Појасот Газа, тој направи историски чекор на патот кон разбирање со Палестинците и кон решението за постоење на две држави“, рече Меркел во Берлин.

Британскиот премиер Дејвид Камерон го оцени Шарон за една од најмаркантните фигури во израелската историја. Францускиот претседател Франсоа ОЛанд рече - тој беше еден од најважните актери во историјата на Израел.

Од страна на радикално-исламмистичката палестинска организација Хамас пак стигнаа остри тонови.

„Шарон е криминалец и спаѓа во оние кои донесоа несреќа за палестинскиот народ. Се молиме на Алах Шарон и сите ционистички водачи, кои извршија масакри врз нашиот народ, да отидат во пеколот“, изјави портпаролот на Хамас, Салахал-Бардавил во Газа.

Поранешниот премиер на Израел и генерал Ариел Шарон, кој по мозочниот удар беше осум години во кома, почина денеска на 85-годишна возраст.