1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Велика Британија презема мерки за сузбивање на вирусот

*

По избувнувањето на шап и лигавка на фарма во јужна Англија властите се обидуваат да ја сузбијат заразната болест. Во текот на ноќта е проширена заштитната зона околу фармата каде беше откриен вирусот. Според британското министерство за стопанство, со голема веројатност вирусот бил пренесен на фармата од државната лабараторија за истражување. Во меѓувреме убиени се 60те инфицирани говеда. Во целата земја се забраните транспорти на животни. Британската влада ги забрани и сите извози на телешко, овчо и свинско месо како и сите месни производи. Утре се очекува Европската унија да воведе забрана.