1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Велика Британија - на југ инвеститори, на север социјална помош

Изобилство од пари, гламур и инвеститори - така е на југот од Велика Британија. Додека југот на земјата ужива во напливот на странски капитал, северот се мачи да преживее со социјална помош од даноците од југот.

Така е во градовите на северот, каде повеќе од четвртина од семејствата живее од државна помош. Кој има работа, прима 15 проценти помалку од просечната плата на југот. Таму е подобро. Пазарот на недвижности повторно доживува бум и - првенствено во Лондон - создава работни места и носи повисоки даночни приходи. Структурно слабиот север зависи од помошта од богатиот југ, што не може да биде трајно решение.

„Земја во која јазот кај приходите е толку голем ќе се соочи со проблеми како оние во еврозоната. Каде што има толкав јаз меѓу богатите и сиромашни региони, што е нужен трансфер на средства, се поставува прашањето - како функционира економијата“, вели Тони Трејверс, владин советник и професор на Лондонската школа за економија.

Благосостојбата на Лондон се потпира врз огромен прилив на странски капитал - само за купување станови и куќи таму се вложуваат шест милијарди фунти годишно. И Николас Ленг од Хонгконг инвестирал во Лондон. Од повеќе причини се решил таму да живее како пензионер.

„Лондон е величествен, со меѓународен микс на нешта, луѓе и култури. Дури и политички гледано, Велика Британија е многу стабилна политичка средина“, вели Николас Ленг, пензионер од Хонгконг.

Standbild der mazedonischen DW-TV Sendung Evropanorama

Жителите од северот на земјата не сакаат поголема автономија на Лондон, бидејќи ако таа се случи, тие би се збогувале со средствата кои се слеваат од југот

Од бумот во Лондон профитира и Гордон Јанг, архитектот на Николас Ленг. Во највисокиот облакодер „Шард“ тој го дизајнира ресторанот „Хутонг“ - исто така кинеска инвестиција. Во меѓувреме околу 40 проценти од муштериите на Јанг се од Азија, а многумина купуваат на невидено.

„Доаѓаат пари од Русија, а посебно многу доаѓа кинески капитал. Многу градежни проекти што се прават овде, се продаваат во Азија. Имам пријатели кои купија недвижности без воопшто да ги видат“, вели архитектот Гордон Јанг.

Но, лавовски дел од даночните приходи на градот се одлева во структурно слабите региони на север; милијарди кои и на Лондон му се потребни.

„Прашањето е - дали Лондон може да има поголема автономија во рамките на Англија? А, одговорот - секако дека може. Берлин, Њујорк, па дури и Париз во централизирана Франција имаат поголема автономија во однос на централната влада, отколку што има Лондон“, вели владиниот советник Трејверс.

Уште многу вода ќе протече низ Темза додека во Лондон преовладаат сепаратистите. Но, поголема независност на метрополата од југот - тоа за луѓето на северот воопшто не е весела перспектива.