1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Велика Британија најпривлечна за имигрантите

Според податоците на агенцијата за статистика во Брисел, по Велика Британија, како најпожелни дестинации за имигрантите се Шпанија, Италија и Германија.

default

Од сите земји-членки на Европската унија, Велика Британија најмногу ги привлекува  имигрантите, а потоа следат Шпанија, Италија и Германија, покажуваат најновите податоци на агенцијата за статистика на Европската комисија „Евростат“.

Во 2010 година во Велика Британија се доселиле 591.000 луѓе што е двојно повеќе во однос на Франција, која примила 251.000 лица. На второ место е Шпанија, каде се доселиле 465.200 луѓе, потоа Италија со 458.900 и Германија со 404.100 доселеници. Во овие четири земји вкупно се доселиле речиси две третини од сите имигранти кои влегле во земјите-членки на Унијата.

Велика Британија е на врвот и по бројот на луѓе кои во 2010 година добиле државјанство - дури 24 осто од вкупниот број на луѓе кои станале државјани на некоја од земјите-членки на ЕУ, а потоа следи Франција. Во ЕУ во 2010 говина имигрирале вкупно 3,1 милиони луѓе,  а најмалку два милиони имигранти заминале од Унијата.