1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Велика Британија во борбата против теророт

Во врска со планираните терористички наопади врз патнички авиони, британското Јавно обвинителство подигна обвинение против 11 лица.

Британски полицаец пред Парламентот во Лондон

Британски полицаец пред Парламентот во Лондон

Осум од нив се обвинети за завера и обид за убиство, додека едно 17-годишно момче е обвинето за поседување материјали што можат да послужат за терористички напади.

Шефот на Скотланд јард, Питер Кларк соопшти дека се пронајдени хемикалии, но и видео снимки што укажуваат на терористички заговор:

„Тоа е доказен материјал што потекнува од пред 10. август. Во него има и важен видео и аудио материјал. Овие снимки се нарекуваат маченички видеа. Пронадјовме и опрема за изготвување бомби, вклучувајќи хидроген пероксид, електрични запалки, документи и друго.„

Според извори на Јавното обвинителство во истражен затвор се наоѓаат уште 11 лица против кои можеби ќе биде подигнато обвинение.