1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Великаните ги слават дури по смртта

СДСМ денеска на комеморативната седница се прости од првиот претседател на Република Македонија и членот со партиската книшка број еден, Киро Гилигоров.

default

Киро Глигоров

На комеморативната седница што претпладнево се одржа во седиштето на партијата пред сопартијците, пријателите и граѓаните за огромното дело на Киро Глигоров зборуваше лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој истакна дека Киро Глигоров е жива историја на Македонија кој ги обедини двата столба на сувереноста и државноста, АСНОМ и 8-ми септември.

„Во 20 години, колку што соработувавме и пријателувавме имавме многу добри но и лоши моменти“, се потсети Црвенковски кој со пиетет истакна дека Глигоров беше мудар политичар кој знаеше да сослуша, не да наредува, туку да убедува.

„Тој беше демократ и визионер, уште во 90-те години го напаѓаа дека е југоносталгичар заради референдумското прашање, дека го продаде името со компромисот со кој што земјата влезе во ОН, дека не е храбар зашто дозволи ЈНА да ги однесе тенковите од Македонија. Тој на сите напади мирно одговараше дека нема цена што може да замени еден човечки живот“.

Уште во 90-те години кога во околните земји се војуваше тој зборуваше за ЕУ и НАТО, нагласи Црвенковски: „Беше голем, па мораа дури и атентат да му направат за да ја турнат Македонија на колена“.

Потсетувајќи се на бројните моменти кога биле заедно, Црвенковски ја спомена прославата на 90-тиот роденден кога: „Киро ме праша-зошто толку ме напаѓаат, зарем толку многу грешев? Ме изненади и затекна со прашањето, му одговорив-Ве напаѓаат зашто сте жив, зашто великаните и хероите на Балканот ги слават дури откако ќе умрат. Ми одговори-ајде да видиме. И јас велам-ајде да видиме дали Македонија ќе знае да го цени и вреднува неговиот придонес“, истакна Црвенковски.

По комеморацијата во СДСМ се отвори книга на жалост за починатиот Глигоров.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Александра Трајковска