1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Велигден се прослави во катедралата во Келн

Катедралата во Келн со миса и молитва на верниците го прослави Воскреснувањето на Исус Христус

Во келнската кадетрала дојдоа и православни верници

Во келнската кадетрала дојдоа и православни верници

Христовото Воскресение, како знак на ново раѓање, нов почеток се прослави и во катедралата во Келн. Верниците со бели свеќи во раката се собираа на мисата која почна околу еден и пол час пред полноќ и се молеа заедно со свештените лица. Тие пред себе имаа и ноти и ги пееа заедно со црковниот хор, велигденски песни.

Мисата во катедралата ја оддржа келнскиот надбискуп кардиналот Јоахим Мајснер. Тој им порача на вернциите Исусовото Воскресение да го доживеат како светлина и да се радуваат и да бидат среќни, а во својата молитва побара на младите да им се се зацврсти верата и љубовта.

Верниците во срцето на Келн доаѓаа уште во текот на денот бидејќи имаа можност да се исповедаат, оти за Велигден се потребни и чисти мисли, а дојдоа и на полноќната миса, бидеjќи како што велат и самите Велигден е голем празник за нив.

„ Велигден е најголемиот празник на католиците. Не постев, по малку, во црква одам само за големите празници, бидејќи разликувам меѓу црквата и верата, а верувам повеќе отколку што црквата бара од мене.“ - „ Јас сум православна, а за мене Велигден значи дека Хрисус е буден.“ - „ За мене Велигден е многу убав ден бидејќи знам дека Исус е воскреснат од мртвите.“ – „ Јас сум Христијанин и за мене на Велигден почнува нов живот. Поради тоа и постев, се откажував од јадење по малку но и од некои задоволства. Прво го доживував Господ со мене, а потоа и со црквата.“

За Велигден Исус е повторно тука, многу верници не постеле цело време и не се откажувале од некои навики, но важно е да се пронајде сопственото место во општеството велат тие, кои синоќа во катедралата во Келн, дојдени од многу места во светот го прославија Воскреснувањето на Исусу Христос.