1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Велигден - за потеклото на името и симболите

Од каде доаѓа името и каква е врската со велигденското зајаче и велигденскиот оган? Многу од денешните обичаи имаат потекло од античко време или, пак, од Средниот век.

Bildnummer: 57879598 Datum: 07.04.2012 Copyright: imago/MiS 07.04.2012, Haustiere, Zwergkaninchen, Löwenköpfchen-Nachwuchs begutachtet neugierig ein Osterei im Nest. 07.04.2012, Zwergkaninchen an Ostern Gesellschaft Tradition Ostern Osterhase kurios premiumd Aufmacher x0x xkg 2012 quer Deutschland Haustiere Haustier Nager Nagetier Hase Häschen Portrait Aktion Tiere Tierliebe Zwergkaninchen Zwerghase Eier Osterhase Hasen Hasenbabys Hasenkinder Kaninchenbabys 57879598 Date 07 04 2012 Copyright Imago Mis 07 04 2012 Pets Dwarf rabbits Lion heads Offspring proficiency curious a Easter in Nest 07 04 2012 Dwarf rabbits to Easter Society Tradition Easter Easter Bunny funny premiumd Highlight x0x xkg 2012 horizontal Germany Pets Pet Rodents Rodent Rabbit Bunnies Portrait Action shot Animals Animal lovers Dwarf rabbits Dwarf rabbit Eggs Easter Bunny Hares Hase children Rabbit babies

Ostereier und Hasen

Göttin Ostara

Божицата Остара

Велигден е најзначајниот празник за христијаните, бидејќи на овој ден се празнува воскреснувањето на Исус. Тоа во Германија го знае секое дете, но ретко кој знае дека Велигден првично бил паганско празнување во чест на божица на пролетта и плодноста кај Германите. Таа се викала Остара, што значи исток, бидејќи била споредувана со зората и од нејзиното име е изведен денешниот германски збор за Велигден - „Ostern“. Нејзиниот празник се славел секогаш по првата полна месечина во пролетта. Тогаш луѓето танцувале со мечеви, што претставувало борба на богот на сонцето со зимските моќи, кои во ова годишно време редовно ја губат оваа битка.

Овие пагански активности биле трн во окото за црквата, па на советот во Никеја во 325 година било одлучено најважниот празник во христијанството да биде во исто време со пролетниот празник на многубожците.

Божиќното зајаче

Ostereier und Hasen

Зајакот е еден од божиќните симболи

Денес секое дете го знае него, бидејќи го има од чоколадо или марципан, во форма на колач или како херој во безбројни сликовници, а на Велигден во недела, пак, ги крие велигденските јајца во градината. Кариерата на божиќното зајаче како носач на јајца започнала во 19 век. Првиот доказ за неговото постоење потекнува од 1682 година и е даден од професорот по медицина од Хајделберг, Георг Франк фон Франкенау. Во неговиот медицински трактат „De ovis paschalibus - за велигденските јајца“ тој го опишува обичајот во Алзас и во Горна Рајна и се изјаснува за негативните здравствени последици што прекумерното конзумирање на такви јајца може да го предизвика.

Велигден меѓу христијаните важи како симбол на новиот живот, како што првично бил и пролетниот празник кај Германите. Затоа не е ни за чудење што зајакот во симболиката има клучна улога, бидејќи зајачицата годишно повеќепати донесува на свет и до осум младенчиња. И во времето на божицата на пролетта зајакот се обожувал како свето животно.

Околу велигденското јајце

Во културната историја на човештвото јајцето се среќава многу рано. Уште во четвртиот век јајцата биле ставани во гробовите на Римјаните и Германите и симболизирале почеток на нов живот. Во Средниот век вазалите на земјопоседниците им давале велигденски јајца или зајчиња како надомест за добиената земја. На ова првично плаќање денес се должи подарувањето на велигденски јајца.

Ostern Sorben Bräuche Reiterzug in Wittichenau

Лужичките Срби имаат поинакви обичаи за одбележување на Велигден

Обичајот кај католиците да се бараат велигденските јајца низ дворот веројатно е измислен од буржоазијата, бидејќи на децата на селаните тешко можело да им се претстави дека зајаците наместо кокошките ги несат и квачат јајцата. На зајакот му било импутирано дека во суровата зима, кога гладните зајаци доаѓаат во селата во потрага по храна, ги сокрива шарените јајца.

Додека велигденските јајца се наоѓаат на менито од пред три века, велигденското јагне е на трпезата многу од поодамна. Овој обичај потекнува од ритуалот кај евреите за колење на животното за време на празникот Пасха. Во христијанската црква тоа станало симбол за Јагнето Божје (Agnus Dei).

Велигденски оган

Osterfeuer am Karsamstag

Огнот е симбол на сонцето

Тој горел уште во времето на Остара. Огнот претставува симбол на сонцето, кое го овозможува животот на Земјата. Со велигденскиот оган се поздравува сонцето како заштитник на плодноста и новиот раст. Во долината на реката Везер луѓето тркалаат кон долината запалени гуми, а во други области се пали кукла од партали на запален крст, која треба да го претставува предавникот на Исус - Јуда.

Еден стај обичај кај Лужичките Срби во Бранденбург е велигденското јавање коњи. Притоа со крст на коњот се минува низ полињата. Така семето на нивите треба да се благослови, за жетвата на есен да биде богата.