1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Велигденски маршеви за повеќе мир во светот

Со традиционалните Велигденски маршеви мировното движење и годинава протестира против војната, насилството и атомската закана. По почетокот, вчера на Велики петок, денеска се очекува кулминација на протестното движење.

Во цела Германија денеска се оддржуваат околу 80 различни манифестации за мир - демонстрации, екуменски богослужби, велоспедски тури и мировни фестивали, соопшти мрежата Мировна кооперација од Бон. Планирано е акциите за мир и разоружување да се оддржат во Берлин, Франкфурт на Мајна, Кемниц, Аугсбург, Бремен и Минхен. Но, исто така и во местата каде се наоѓаат воени бази или атомски истражувачки центри како во Рамштајн, Јилих и Гронау.

Мировна наместо воена политика

Мировното движење годинава предупредува од евентуален напад врз Иран и бара мировна наместо воена политика за Сирија. Меѓу централните теми е и барањето за повлекување на трупите од Авганистан, забраната за извоз на оружје и уништување на атомското оружје и атомските постројки.

Првите манифестции се оддржаа вчера на Велики петок. Во Кемниц на еден Велигденски марш учествуваа околу 200 демонстранти. Протестот се одржа под мотото „Не за војната - да за мировно решение“. Минатата година на вакви слични менифестации учествуваа многу повеќе демонстранти.

Првите Велигденски маршеви во Германија се оддржаа во 1960 година. Со нив се изразуваше протест против атомското вооружување во периодот на студената војна. Од 1968 до 1983 година ова движење ја доживеа својата кулминација, кога на маршевите учествуваа стотици илјади демонстранти. По крајот на источниот блок и повторното обединување на Германија, бројот на учесниците на Велигденските маршеви опадна.