1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вајс: Жалам што Македонија сѐ уште нема датум за пристапните преговори!

Демохристијанот Петер Вајс вели дека жалењето е уште поголемо и поради тоа што Србија доби датум, а Македонија и покрај спроведените реформи е претркана од другите земји од регионот и останува надвор од тој процес.

Петер Вајс (на насловната фотографија) од пратеничката група на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Бундестагот е член на германскиот парламент од 1998 година. Во минатиот состав беше претседавач со Парламентарната група за Југоисточна Европа. Познавачот на Македонија и регионот за ДВ ги коментира заклучоците на Советот за општи работи кои се тема и на заседанието на шефовите на држави и влади во Брисел.

„Многу жалам што поради несогласувањето на Грција, на Македонија сѐ уште не може да ѝ се одреди датум за почеток на пристапните преговори. Жалењето е уште поголемо и поради тоа што може да се одреди ваков датум за Србија, а не и за Македонија. Јас имам големо разбирање за македонскиот народ кој со голема загриженост гледа дека земјите од Западниот Балкан, една по друга добиваат датуми за почеток на пристапните преговори, а нивната и покрај спроведените реформи од последните години, останува надвор од тој процес. Состојбата во Европа секако дека повеќе е разбранувана од кога било до сега. Гледаме дека грчката влада поради внатрешнополитичките тешкотии, во моментов не е во состојба да спроведе разумен надворешно политички курс кон Македонија. Со многу колеги од Бундестагот сме едногласни во мислењето дека не може да прифатиме одлуката за Македонија, поради приговарањето на Грција, година по година да се одлага. Затоа и сметам дека е неопходно во наредната година од германска страна уште еднаш да се покрене иницијатива, да се биде активен и да се направат сите обиди блокадата на Грција да биде скршена! Македонија залужи да ги започне пристапните преговори и вечното поместување од мој аспект не е прифатливо“, истакнува Петер Вајс.

Македонија и проширувањето тема на парламентарците?

Merkel Regierungserklärung 18.12.2013

Македонија и проширувањето - во 2014 тема за Бундестагот и канцеларката Меркел?

На прашањето на ДВ: дали пратеничкта група на демохристијаните Македонија може подиректно да ја наметне на агендата на канцеларката Меркел, Вајс подвлекува: „во новата коалиција наскоро ќе разговараме за политиката на проширувањето, за Западниот Балкан и можам да си замислам дека како колициска пратеничка група уште еднаш ќе покренеме иницијатива околу ова прашање“.

Грција, како претседавач со Европскиот совет во првото полугодие од наредната 2014 година, меѓу приоритетите го нема проширувањето, а уште помалку Македонија. Едновремено, грчкото претседателство се поклопува со изборите за европските институции. Петер Вајс одговара и на прашањето: дали новата Европска комисија може поконкретно да посредува во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција?

„За Европа 2014. ќе биде возбудлива година. Прашање е какво ќе биде мнозинството во Европскиот парламент. Се надевам дека нема да има ситуација со која во Парламентот ќе има поголема група противници на Европа, зашто во тој случај ќе биде тешко со политиката на проширувањето. За Македонија ќе биде решавачко кој ќе биде нов комесар за проширување. Овој нов комесар или комесарка, ќе мора да преземе инцијатива за отстранување на блокадата на Грција, со што темата Македонија би имала напредок во Европа. Са надевам дека во Комисијата ќе добие енергичен комесар или комесарка“, се очекувањата на Петер Вајс, пратеник од ЦДУ-ЦСУ во новиот состав на Бундестагот.