1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вашингтон: Паника од банкрот

Спорот околу буџетот на САД продолжува, а часовникот отчука. Трескавично се бара решение во спорот околу горниот лимит за државни задолжувања и тековниот буџет. Меѓу народот пак расте страв и бес.

Протсети со камиони против блокадата на владата: со вклучени сирени и истакнати американски знамиња голем број камиони го блокираше автопатот околу американската престолнина Вашингтон.

„Уморни сме од влада која не се придржувана уставот. Не се придржуваат кон заклетвата која ја полозија, како што се придржував јас кон заклетвата која ја положив при стапување во армијата“, се жали еден камионџија од Вирџинија.

Народот е бесен

Возачите на камиони протестираат против владата зашто спорот околу буџетот доведе до блокада во Вашингтон. Но, во Конгресот никој не ги слуша нивните сирени, зашто пратеничките канцеларии се празни. Администрацијата веќе две недели е блокирана зашто Демократите и Републиканците не можат да се договорат. Ако до утре не дојде до договор, на САД им се заканува банкрот. Народот е се‘ повеќе бесен поради оваа политичка драма.

„Треба сите да бидат отпуштени и сменети“, вели еден пензионер пред Капитол хил или „куќата на долгови“, како што го нарекоа одделни медиуми. Но, не е исплашен само овој пензионер, многумина други стравуваат од заканата дека САД ќе стигнат до банкрот.

USA Haushaltsstreit

Американскиот Конгрес - „Куќа на духови“

Сиромашните - губитници во политичкиот покер

„Можеби ние сме сега како Грција“, вели еден човек.

„Првенствено е страшен начинот на кој што се води земјата, а второ, да се има економија во која ништо не е можно да се предвиди, е навистина страшно“, вели за Дојче веле една службеничка од здравствениот сектор. Таа зборува за многу организации кои стравуваат поради милионите сиромашни Американци кои ќе бидат губитници во овој политички покер.

„Лекови, помош во храна, нега и програмите за бездомници, се‘ е загрозено со спорот околу буџетот“, вели таа.

Но, пред се‘ се загрозени државните службеници, кои се испратени на принуден одмор поради тоа што од 1 октомври кога во САД почнува фискалната година, нема буџет.

Многумина оставиле клучеви, службени мобилни телефони, едноставно ги напуштаа канцелариите.Една 25-годишна службеничка вели дека тоа нема никогаш да го заборави.

USA Shutdown Protest

Незадоволството расте

„Се разбудив со чувство дека мојата досегашна претстава за владата веќе јанема. Секогашја доживува како голем брод со кој мирно пловиме. Сега имам чувство дека сме во бура“, вели Емили.

Оптимизам и страв

Сепак, изгледадека САД нема да ја доживеат катастрофата од која не стравуваат само многу Американци, туку и целиот свет. Сепак постојат надежи дека во последен момент претставниците во Конгресот ќе најдат решение во спорот кој требаше да биде решен досега, дека ќе биде избегнат банкрот во последен момент.

Емили, една од службеничкитена принуден одмор, вели дека е оптимист. Но, ја загрижуваат препукувањата околу висоната на задолжувањата и како Американка.

„Ние сме следната генерација и ние сме тие кои ќе отплаќаме, тешко ми е тоа да го замислам“.