1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вашингтон нема веќе трпение за Иран

Белата Куќа го предупреди Иран дека му истекува времето, по извештајот на меѓународната агенција дека Техеран ги зголемил капацитети за производство на згобатен ураниум.

Официјален Вашингтон го предупреди Иран дека времето за дипломатија нема да трае бесконечно, по извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) во кој се наведува дека Техеран ја засилил својата нуклеарна програма. Портпаролот на Белата Куќа изјави дека САД се одлучни да го спречат Иран да изгради нуклеарна бомба и дека ќе дознаат дали Техеран работи на тоа.

„Просторот да се реши овој проблем останува отворен, но нема да остане така неодредено време“, рече портпаролот Џеј Карни.

Меѓународната агенција во извештајот објавен вчера укажува дека Иран, и покрај меѓународните санкции, го удвоил капацитетот за производство на збогатен ураниум во подземната постројка Фордо.

Во моментов, против Иран на сила се четири резолуции за санкции донесени од Советот за безбедност на Обединетите нации. Покрај тоа, со повеќе други еднострано донесени резолуции од разни земји и организации, од Техеран се бара да обезбеди целосна транспарентност на неговата нуклеарна програма и да докаже дека таа има исклучиво нирољубиви цели.