1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вашингтон и Москва разменија шпиони во Виена

Најголемата размена на шпиони меѓу САД и Русија по завршувањето на студената војна се чини дека заврши според планираното. Операцијата беше изведена во главниот град на Австрија, далеку од очите на јавноста.

default

Шпионите имале претежно задачи на набљудување

Во Виена слетаа два авиона, американски и руски, во кои се претпоставува дека се наоѓаат десетте руски агенти, депортирани од САД односно четворицата западни шпиони, ослободени во Русија. По завршената размена, авионите повторно одлетаа од аеродромот во Виена. Австриските власти не дадоа информации околу процесот на размена на тајните агенти.

Според извори во Вашингтон, спогодбата била издејствувана на највисоко ниво. Ова е прва размена на шпиони меѓу САД и Русија од 1986 година. Спогодбата за неа била наводно постигната на ниво на претседатели на државите. Братот на рускиот атомски експерт Игор Сутјагин, кој ќе биде пуштен на слобода во рамките на размената, изјави:

„Во разговорот меѓу Игор и еден генерал станало јасно дека ова прашање било решено на највисоко ниво, многу веројатно дури со учество на рускиот и американскиот претседател“, додаде Дмитриј Сутјагин.

Никој не сака драма

Од обете страни брзата размена се толкува како доказ за

USA Russland Agentenaustausch Anna Chapman Spion

Ана Чепман - убавата шпионка за која пишуваа светските медиуми

новата ера во руско-американските односи. Таа беше означена со последната посета на рускиот претседател Дмитри Медведев на САД во јуни, кога всушност се случи и апсењето на десетте руски разузнавачи. Експертите овој потег го толкуваа како внатрешно-политички удар против новата политика на претседателот Барак Обама на затоплување на односите со Русија. Тоа што сега така брзо се случи размената на агентите, зборува за фактот дека двете страни се заинтересирани за продолжување на добрите односи и не сакаат да дозволат драматизирање на случајот со откриените руски шиони, тврди воениот експерт Александер Голц:

„Тоа покажува само дека обете страни сакаат да му ја намалат важноста на овој скандал и што е можно поскоро да ја завршат целата афера.“

Времето на апсење чиста случајност?

Руските тајни агенти вчера беа набрзина изведени пред

Russland Spionage Physiker Igor Sutjagin wegen Hochverrat verurteilt

Игор Сутјагин, атомски експерт кој ќе биде пуштен од руски затвор во рамки на размената

суд во Њујорк, каде признаа дека работеле за руските тајни служби. Повеќето од нив добиле лажен идентитет и се прикажувале како Американци. Пред судијата тие беа прозвани со нивните вистински имиња, па така Ричард и Синтија Марфи станаа повторно Владимир и Лидија Гуриев, додека Доналд и Трејси се разоткрија како Андреј и Елена. Убавата шпионка Ана Чепман, за која пишуваа светските медиуми, сепак така се вика и во реалниот живот. Сите тие биле под набљудување на американската ФБИ, и тоа од почетокот на 90-тите години, кога биле уфрлени во САД. Тоа што биле уапсени токму кусо пред посетата на рускиот претседател Дмитри Медведев, било чист случај, тврди американската страна.

Размена поради националната безбедност

Во рамките на итната размена на шпиони, рускиот претседател Медведев потпиша указ за ослободување на четворица руски граѓани, за кои се тврди дека работеле за западните тајни служби. Меѓу нив е и атомскиот експерт Игор Сутјагин, двајца двојни агенти Александер Сапорошки и Сергеј Скрипал, како и Генади Василенко. Одлуката за брза размена на агентите била мотивирана од хуманитарни причини, но и поради националната безбедност, порача портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер. Сите четворица беа на издржување на повеќегодишни затворски казни.

Автор: ГЧ/АТ/дпа/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM