1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Вашингтон има разбирање за турска воена интервенција во Ирак

*

Американската влада првпат покажа знаци на разбирање за можна ограничена турска воена акција против курдските бунтовници во Северен Ирак. Портпаролот на Белата куќа, Дана Перино, изјави дека по киднапирањето на осум војници од страна на борци на курдската бунтовничка организација, ПКК во Ирак, Турција има право таму и да ги бара. Истовремено, Перино ја повика Турција на умереност. Досега, САД постојано ја предупредуваа Турција да не испраќа своја армија на ирачка територија. Владата во Анкара ги обвинува САД дека не прави ништо против камповите на ПКК во северен Ирак, кои таа органзиација ги користи како појдовни пунктови за напади врз Турција.