1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вашингтон го бара Сноуден од Москва

Американската влада побара од Русија испорака на Едвард Сноуден, човекот што ги објави информациите за тајната американска програма за следење на компјутерските комуникации - Призма.

„Од руската влада очекуваме да ги разгледа сите опции кои стојат на располагање за да го врати господин Сноуден во САД“, соопшти Белата куќа рано изутринава (24.06). Меѓу Русија и САД во поново време има „интензивирана соработка“ по прашањата на правната држава, која би морало да се продолжи, апелираше американската влада. Сноуден мора „да одговара за делата за кои е обвинет“, се вели во Вашингтон.

Едвард Сноуден откри дека со програмата Призма американската тајна служба НСА ги надгелдува интернет комуникациите на корисниците на услуги на големите интернет концерни како Гугл, Фејсбук и Мајксрофт. По

Snowden Moskau Ecuador Asyl

Автомобили на амбасадата на Еквадор паркирани на аеродромот во Москва

обелоденувањето на овие информации тој избега во Хонгконг, а оттаму во текот на вчерашниот ден се упати во Москва. За време на престојот на Сноуден на аеродромот во Москва беше соопштено дека тој поднесол барање за азил во Еквадор. Американската влада, која го обвинува Сноуден за шпионажа, сега сака да спречи тој да отпатува на друго место. Еквадорската влада денеска соопшти дека барањето за азил се разгледува.

Телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на високи функционери во американската влада, јави дека Вашингтон од Еквадор, Куба и Венецуела побарал да не му даваат азил на Сноуден. Освен тоа, американските власти, според Си-Ен-Ен, го анулирале пасошот на Сноуден.